Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео)Зимското прскање на праските се прави кога температурата, неколку дена напладне е поголема од 10 ° C
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > (Видео)Зимското прскање на праските се прави кога температурата, неколку дена напладне е поголема од 10 ° C
Растително производствоСовети

(Видео)Зимското прскање на праските се прави кога температурата, неколку дена напладне е поголема од 10 ° C

Објавено 24/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Зимското прскање на праските важно е да се изврши правилно со цел да се заштитат растенијата. Пред сè, потребно е да се отстранат сувите плодови од минатата година, со цел да се спречи можното ширење на инфекции и да се исечат сувите, заболени, кршливи гранчиња и да се проретчи крошната.

Потоа следува прскање, кое, како што објаснува Ѓургица Кшенек, виш стручен советник за заштита на растенијата, се спроведува во фазата на набрекнување на пупките, пред да излезат малите лисја. Што се однесува до самото време, сега е крај на февруари кога температурите напладне ќе бидат над 10 ° С.

“Единствената заштита од болеста свивање на лисјата, е превентивниот третман со заштитни средства кои содржат бакар”, објаснува таа, додавајќи дека тие се користат и против монилија (гниење на овошје) и против порозност на лисјата.

За да може заштитата да биде ефикасна, важно е, нагласува таа, да се испрска целото дрво, и трупот и крошна.

Освен кај праските, сега заштитата се прави и кај кајсиите, додека за другите овошја се уште е рано, кај нив заштитата се прави дури во март. „Сè зависи од тоа како ќе се движи вегетацијата“, истакнува Кшенек.

Слушнете ги сите нејзините совети во видеото:

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:заштитазимско прскањеовошкипраски
Претходен напис ФИТР ќе ја презентира новата Програма за корпоративна иновативност
Следен напис МТСП: Утре почнува етапната исплата на февруарските пензии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?