Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО)Вицепремиерот Битиќи и министерот Хоџа во посета на ХС Злетовица – Хидросистемот е значаен ресурс и работиме посветено за да ги оствари сите потенцијални функции во интерес на граѓаните од регионот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > (ВИДЕО)Вицепремиерот Битиќи и министерот Хоџа во посета на ХС Злетовица – Хидросистемот е значаен ресурс и работиме посветено за да ги оствари сите потенцијални функции во интерес на граѓаните од регионот
Шумарство и водостопанство

(ВИДЕО)Вицепремиерот Битиќи и министерот Хоџа во посета на ХС Злетовица – Хидросистемот е значаен ресурс и работиме посветено за да ги оствари сите потенцијални функции во интерес на граѓаните од регионот

Објавено 05/05/2021
Сподели
5 мин. за читање
????????????????????????????????????
Сподели
Ad imageAd image

“Владата на Република Северна Македонија континуирано работи на подобрување на условите за живот на граѓаните во целата земја, врвен приоритет ни е да го поттикнеме рамномерниот регионален развој, а за да успееме во тоа, треба и мора да се работи на подобрување на основните услови за живот“, посочи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа денес го посетија ЈП за извршување на водостопански услуги „Хидросистем Злетовица“ во Пробиштип.

По одржаниот состанок со директорот на ЈП „Хидросистем Злетовица“, Миле Илиевски и градоначалниците на Пробиштип, Драган Анастасов и на Свети Николе, Сашо Велковски, вицепремиерот Битиќи и министерот Хоџа, извршија и увид на „Зафат 3 – зафатна градба за водоснабдување на Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци“, пришто нагласи дека  хидросистемот Злетовица е еден значаен ресурс, на кој Владата обрнува особено внимание и ќе работи посветено за да ги исполни сите функциите за кои е наменет.

“Првата фаза (функција) предвидува стабилно снабдување со вода за пиење за околу 100 илјади жители во општините Пробиштип, Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци. Во моментов вода за пиење од овој систем користат општините Пробиштип и Свети Николе.  Дозволете да потсетам дека во 2019 година со поддршка на Владата на Република Северна Македонија и поддршка од Владата на Република Словенија, инвестирани беа 1,2 милиони евра со кои снабдувањето со питка вода за граѓаните на Пробиштип е навистина подигнато на едно високо ниво и се овозможи проток на питка вода од 100 литри на секунда. Владата и МЗШВ планираат дополнителни 6,5 милиони евра, за да преку хидросистемот Злетовица го подигнеме квалитетот за снабдување со вода за пиење и на останатите четири општини: Свети Николе, Штип, Лозово и Карбинци. Веќе се во тек градежните активности за зголемувањето на капацитетот на водоснабдување на Штип на 300 литри во секунда, , како и за обезбедување на проток од 40 литри на секунда во општина Карбинци, додека за општина Лозово и Свети Николе се започнати тендерските процедури и набрзо ќе се избере изведувач на работите. Навистина водата е основен ресурс и секој граѓанин, независно каде живеат мора да има стабилно и квалитетно снабдување“, нагласи вицепремиерот Битиќи.

Тој додаде дека во хидросистемот Злетовица, во моментов и наредниот период ќе се инвестираат околу40  милиони евра, средства од граѓаните, за подобар живот на граѓаните. Тие средства освен за стабилно снабдување со питка вода за граѓаните од пет општини, треба да се наменат и за втората фаза со која треба да се обезбеди вода за наводнување на околу 3550 хектари земјоделско земјиште во општина Пробиштип, што ќе влијае позитивно на земјоделското производство.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа се осврна на втората фаза на Хидро системот Злетовица со која треба да се обезбеди вода за наводнување на земјоделските површини во општина Пробиштип.

„Со реализација на оваа фаза, ќе се решат долгогодишните проблеми со континуирано обезбедување на доволни количини вода потребни за одржување на земјоделските површини. Невозможно е да очекуваме развој и модерно земјоделско производство, ако претходно не сме ги создале основните услови. Со завршувањето на втората фаза ќе обезбедиме вода за сите земјоделци од општина Пробиштип.  Во периодите на долготрајна суша, тие повеќе нема да гледаат во небото посакувајќи да заврне дожд. Со модерните хидросистеми како што е ХС Злетовица, ќе можеме навистина да развиваме модерно земјоделство, да мислиме на развој, на зголемување на приносите, а не да мислиме дали има или нема вода. Тој страв, ќе биде минато, за сите земјоделци од оваа општина кои обработуваат околу 3550 хектари земја.  На нас останува обврската, како што впрочем и се договоривме денеска на состанокот, дека сите заедно ќе вложиме максимални напори, овој Хидросистем што поскоро да ја слави завршната фаза. Тешко е, тоа е неспорен факт, пандемијата дополнително ги успори работите, но ние остануваме посветени на нашата цел“, нагласи министерот Хоџа.

Директорот на Јавното претријатие, Миле Илиевски, изрази благодарност за можноста да ги презентира тековните активности на ХС Злетовица, како и за разбирањето искажано од страна на вицепремиерот и министерот за искрените намери да помогнат во надминувањето на предизвиците со кои се соочуува ова јавно претријатие.

https://www.youtube.com/watch?v=RpLMLUlo0wA

Може да ви се допадне

Трипуновски: Оваа година е година на инвестиции и системски промени во земјоделскиот сектор
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Трипуновски: Никој не е над законот, нема заштитени лица, без разлика на нивната функција
Основана Швајцарската комора на Северна Македонија – нова платформа за унапредување на економската соработка и инвестициите
Таг:водостопанствоводостопантсвоинвестицииминистер
Претходен напис ЗПВ Николовски: 90 проценти од правните лица го пријавиле вистинскиот сопственик во законскиот рок, во секоја компанија се знае кои се вистинските сопственици
Следен напис Заштита на пченка од широколисни и теснолисни плевели
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?