Во интервју за Телевизија Сител, министерот за земјоделство Арјанит Хоџа изјави дека досега преку Платежната агенција се исплатени 3,5 милијарди денари за субвенции. Дополнително со усвојување на ребалнсот се додаваат 3 милијарди денари за директни субвенции и 500 милиони денари за рурален развој.
-Досега се исплатени субвенциите за поледелството, лозарството… сега следуваат градинарството и сточарството но и она што е останато за дополнителните мерки, како за млекото. Може да се случи дека има мало задоцнување поради ковидот, но во делот на планот на Платежната агенција 80% се реализирани и се исплатени субвенциите. Знаете, кога се планираат субвенциите се прави план за цела година и за сите мерки. Со ребалансот се реализира тој дел и доволно за покривање на годишниот план за субвенции. Дополнително заради кризата доделивме над 400 милиони денари за лозарството, а сега во финална фаза е законот за тутунопроизводителите за 5 пакет мерки со над 300 милиони денари. Значи освен редовните субвенции сме одвоиле дополнителен пакет на поддршка на земјоделците поради ковид кризата – изјави Хоџа.
