Неодамна германското здружение „Земјата создава врски“ (Land schafft Verbindung), ги повика земјоделците да ги украсат своите трактори и да учествуваат во божиќниот конвој што се организираше во целата држава. Тоа и се случи, земјоделците ги украсија своите трактори со божиќни укаси, а некои од нив се облакоа како Дедо Мрази и под мотото „Искра надеж“ тргнаа да ги развеселат луѓето и децата.

Нивна главна цел беше да ги расположат луѓето и децата, но акцијата имала и хуманитарен карактер. Имено тие донирале колачи во детските болници и посетиле повеќе домови за стари лица. Исто така донирале и одредена парична помош.
Со оваа кампања земјоделците сакале и себе си да си подарат искра надеж, бидејќи економската ситуација на многу земјоделски стопанства во Германија е лоша.
За жал, во текот на изминатиот викенд полицијата морала да прекине една од овие божиќни паради во Хамбург, во која учествувале околу 40 трактори и камиони, поради непочитување на епидемиолошките мерки кај публиката.
Како изгледаше една од овие празнични колони погледајте во видеото што следи:
Извор: Агроклуб