Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО)Апел за помош по силниот гром кој направи голема штета во село Будинарци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО)Апел за помош по силниот гром кој направи голема штета во село Будинарци
Агровести

(ВИДЕО)Апел за помош по силниот гром кој направи голема штета во село Будинарци

Објавено 29/05/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во невремето што го зафати Берово во текот на вчерашниот ден, гром удри во неколку плевни во селото Будинарци и предизвика пожар. Пожарот целосно уништи четири плевни, а предизвикана е голема материјална штета. Во гаснењето на пожарот учествувале мештаните на селото и против пожарната едниница од Берово, а со помош во гаснењето учестувале и од ППЕ од Кочани, јавува Делчево365

Гледката била застрашувачка велат граѓаните на Будинарци.Сопсвениците на објектите кои целосно изгореа ги трпат штетити од пожарот во кој изгореа два трактори, 280 бали сено, дрвен материјал, како и мал дел од добиток.

-Од потресот од громот паднав на земја, мислев дека удрил во соседното село Митрашинци.Громот удри во нашата плевна, беше страшна гледка.За кратко време ги зафати и другите плевни кои се во близина.Штетата е голема имавме 280 бали сено кои изгореа исто така и два трактора кои не можевме да ги спасиме.Сите луѓе помогнаа во гаснењето на пожарот заедно со пожарната служба.Упатуваме апел до сите да ни помогнат бидејќи штетите се огромни.Им благодариме на сите што помогнаа во гаснењето на пожарот- рече Петар Пармачки сопственик на една од изгорените плевни во пожарот.

Огнената стихија која брзо се ширеше, прдизвика штета и по околните објекти, каде беше зафатен дел од поткровјето на една куќа а како последица биле искршени неколку прозори и на друга куќа кои се во самата близина на местото.Како што велат граѓаните, за среќа пожарот е спречен кој се закануваше и можеше да го зафати целото село.

Од територијалната противпожарна единица во Берово истакнаа дека пожарот бил пријавен во 14 и 50 часот каде што интервенирале и спречиле пожарот да се прошири и во околните куќи кои исто така биле зафатени.

-Примивме дојава во 14 и 50 часот за пожар во селото Будинарци.Со пожарот беа зафатени неколку плевни, а посоеше опасност и околните куќи кои исто така беа зафатени.По тричасовната борба со огнот во 17 и 40 часот го локализиравме пожарот и нашата екипа остана целата вечер да дежура на местото на опожареното место.Исто така во гаснењето на пожарот учествуваа и мештаните, а помош имавме и од ППЕ од Кочани – рече Сашко Руменовски командир на ППЕ Берово.

Пожарот го потврдија и од СВР Штип, кои во соопштението велат:

На 27.05.2021 околу 15.00 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека настанал пожар во три плевни во с.Будинарци, беровско, сопственост на Н.П и Г.П., а од пожарот биле зафатени и две куќи сопственост на П.П. И В.П. Пожарот бил изгаснат од екипа на Теритоијалната противпожарна единица Берово, а повредени лица нема.Увид на местото извршила екипа од ОВР Берово.

Сопствениците на опожарените објекти, упатуваат апел до општинските власти и сите хумани граѓани да помогнат, бидејќи пожарот им уништил се што имале и вложиле со години.

Исто така во текот на вчерашниот ден и во селото Владимирово бил пријавен пожар предизвикан од гром, со кој била зафатен објект-казанарница. Пожарот го птврдија и од СВР Штип:

На 27.05.2021 околу 17.14 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека настанал пожар во казанарница во с.Владимирово, беровско, сопственост на Д.Џ..Пожарот бил изгаснат од екипа на Теритоијалната противпожарна единица Берово, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од ОВР Берово

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:Будинарциневремепожар
Претходен напис „Лидл“ ќе отвори неколку маркети во земјава, ќе има обврска да откупува земјоделски производи
Следен напис (ВИДЕО) Ѓеровска: Треба да се разбие фамата за органското производство како тешко и неисплатливо, напротив, повеќе се заработува и има 100 % повисоки субвенции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?