Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Зошто Швајцарците закопуваат памучна бела долна облека во своите ниви и градини?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (ВИДЕО) Зошто Швајцарците закопуваат памучна бела долна облека во своите ниви и градини?
Магазин

(ВИДЕО) Зошто Швајцарците закопуваат памучна бела долна облека во своите ниви и градини?

Објавено 16/04/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ширум Швајцарија, швајцарските земјоделци и сопственици на градини, во склоп на научната студија за квалитет на земјиштето, ќе закопуваат бела памучна долна облека.

Биологот Марсел ван дер Хајден има за цел зголемување на земјоделските приноси – не само со вештачки ѓубрива, пестициди и ГМО технологија, туку и со габичките и другите микроорганизми. Затоа се ориентирал на помалку конвенционални методи и ги повикал  швајцарските земјоделци во склоп на истражувањата во земјата да ги закопуваат памучните гаќи.

Со децении е познато дека микоризните габи можат да бидат корисни во земјоделството – барем во теорија. Во пракса никој навистина не го проучувал ефектот на оваа симбиоза на растенија и габи. Но како што наведува Ван дер Хајден досега дури и гигантите на агротехнологија како „Синџенте“ го препознале потенцијалот на овие засилувачи на природен раст и сè повеќе користат микориза.

Ван дер Хајден, меѓутоа отишол чекор понатаму. Тој и неговиот тим успеале да натераат добар дел од швајцарските земјоделци да се вклучат во истражувањето. Во краток период, биолозите добиле на располагање 60 експериментални парцели за работа, секоја со големина од 200 метри квадратни во разни кантони, за да добијат подетален увид во разноликоста на состојбата на почвата.  

Државниот институт за истражување „Агроскоп“ на доброволците кои се пријавиле за учество во ова истражување им праќа два пара памучни гаќи, а нивна задача е да ги закопаат во својата градина или во нивата. После одредено време гаќите треба да се ископаат за да се испита во каква состојба се, што ќе биде показател во колкава мера микроорганизмите од земјата успеале да го разредат памучниот материјал од кој се изработени.  

Едниот пар гаќи ќе бидат ископани и фотографирани после еден месец, а другиот пар после два месеци. Потоа со дигитална метода ќе се анализира разградувањето на природните влакна. Колку земјиштето е поздраво, гаќите ќе имаат повеќе дупки.

– Тоа ќе биде показател за тоа какво е земјиштето – тврди раководителот на проектот Марсел ван дер Хајден.

Но биологот не го интересира само микоризата на габите, туку и микробиомот на земјоделското земјиште воопшто. Микробиом е термин кој се користи за опишување на севкупноста на микороорганизмите кои ги населуваат живите суштества, вклучувајќи ги и луѓето или се скриени во земјиштето. Улогата која бактериите, габите и другите микроорганизми ја играат во земјоделството долго не била позната, бидејќи на почетокот на овој век е развиено секвенцирање на следните генерации, метод кој овозможува брзо и евтино декодирање на ДНК на овие организми.

Хајден додава дека една од намерите на студијата е и да се утврди на кој начин ерозијата, прекумерната употреба на ѓубрива и хемиски средства влијаат на земјиштето. Стручњаци од „Агроскоп“ наведуваат дека секоја година во светот во целост се уништуваат подрачја два и пол пати поголеми од Швајцарија. На таквите подрачја подоцна не е можно да се извршуваат какви било земјоделски работи.

Извор: agropress.org.rs

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:гаќинивашвајцарија
Претходен напис Доаѓа време на вработувања врз основа на вредности, а не што имате во CV-то
Следен напис Министерот Хоџа на средба со координаторот на ООН во РСМ – Развивање одржливи системи за храна, кои ќе водат грижа за економскиот, социјалниот апсект и за животната средина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?