„Во несреќен случај ја изгубив кобила неколку часа откако го роди ждребето, а среќа во несреќа е што ждребето успеа да го цица колострумот“, ја раскажува Јосип Ровичанец необичната приказна која започна со трагичен настан.
Имено, на овој одгледувач на добиток од хрватска Даскатица му се ождребило младенчето Арија, чија мајка неколку часа по раѓањето на ждребето била пуштена со друга кобила. Во играта, другата кобила случајно ја удрила мајката кобила во стомакот, таа добила внатрешно крварење и набргу починала.
Младенчето останало без мајка, но и без извор на храна. Јосип прво се обидел да ја нахрани со цуцла, но тоа било тешко затоа што младенчето добило дијареја од загреаното млеко.
„Почнав да истражувам што да и дадам, а ветеринарите од Универзитетот во Загреб ми препорачаа козјо млеко. По состав е најслично со млекото на мајка му, а бидејќи имам кози, решив да го пробам овој начин“, раскажува Јосип.
Проблемот, вели тој, е што сите негови кози имале младенчиња, па позајмил две од пријател. „Тогаш ждребето беше малку гладно затоа што моравме да организираме сè. Кога ги донесов козите ги ставив заедно со ждребето и тие брзо се навикнаа едни на други“, објаснува тој.
Бидејќи Арија беше повисока од нив, морал да смисли како да им ја усогласи висината. На бала сено поставил дрвен постамент на кој ја постави козата.
„Ждребето многу брзо го „сфати“ принципот и почна да цица. Првично, цицаше на секои два часа, а сега, бидејќи јаде цврста храна, на секои четири“, раскажува Јосип.
Јосип многу жали што се случила несреќа со кобилата на која ова и било прво ждребе, но, како што посочува, најважно е младенчето да биде задоволно, да јаде и да напредува.
Погледнете како изгледа кога ждребе цица козјо млеко:
Извор: agroklub.com
