Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Закон за ЗАДОЛЖИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ: Нема компромис со климатските промени – твоја одговорност е да го заштитиш сопственото производство и добиток!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Закон за ЗАДОЛЖИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ: Нема компромис со климатските промени – твоја одговорност е да го заштитиш сопственото производство и добиток!
Агровести

(ВИДЕО) Закон за ЗАДОЛЖИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ: Нема компромис со климатските промени – твоја одговорност е да го заштитиш сопственото производство и добиток!

Објавено 28/10/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Климатските промени се комплексен проблем, за чие решавање е потребно спроведување на активности на повеќе нивоа на човековиот, општествениот и економскиот живот.

Владата на Република Северна Македонија изготви закон за задолжително осигурување во земјоделството, со цел воспоставување на систем на осигурување, кој ќе обезбеди ефикасен, брз и економичен пристап на заштита на лицата кои се занимаваат со земјоделство од ризиците предизвикани од временски непогоди и други настани, ефикасна исплата на штетите и заштита на Буџетот на Република Северна Македонија преку правична и навремена исплата на надоместоци по премија. Всушност, согласно законот се основа Земјоделски осигурителен пул за задолжително осигурување во земјоделството заради вршење на дејноста на задолжително осигурување во земјоделството.

Во тек е кампања за промоција на новиот закон, за да се запознаат земјоделците и релевантните институции.

Осигурувањето во земјоделството во државата е на многу ниско ниво. Имено во 2021 година имало 3.858 полиси за земјоделско осигурување. Тоа е многу мала бројка во однос на регистрираните 161.657 земјоделски стопанства во земјава. Во 2020 година имало 118.481 стопанство кои се квалификувале за субвенции, од кои 23.734 биле сточарски стопанства. Во 2021 година се издадени само 684 полиси за осигурување на добиток, што е многу мал број во споредба со претходно споменатите 23.734 сточарски стопанства.

Земјоделските стопанства регистрирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС)  согласно со Законот за земјоделство и рурален развој пред поднесување на барање за финансиска поддршка согласно годишната програма за финансиска поддршка во земјоделството за тековната година се должни посевите и плодовите од насадите, грлата добиток и пчелните семејства за кои бараат финансиска поддршка да ги осигураат во Пулот од штети предизвикани од временски непогоди и други настани.

Физичките и правни лица кои не се регистрирани во ЕРЗС а остваруваат земјоделско производство можат да го осигурат своето земјоделско производство во Пулот со документација пропишана со актите на Пулот и со целосно плаќање на премијата.

Ризици на осигурување во земјоделскиот сектор се град, молња, поплава, суша, пролетен мраз, бура, пожар, болест и несреќен случај.

Осигуреникот со склучување на договорот за осигурување со друштвото на сметка на Пулот плаќа од 20% до 80% од премијата за осигурување со што во случај на исполнување на условите за исплата на штета се стекнуваат со право на соодветна осигурителната сума и тоа:

  • со платени  20% од  Премијата се стекнуваат до 40% од осигурителната сума,
  • со платени  30% од  Премијата се стекнуваат до 50% од осигурителната сума и
  • со платени  80% од  Премијата се стекнуваат до 100% од осигурителната сума. 

Кампањата за промоција на законот започнува од Битола, и ќе се одржи вторник, 1 ноември од 12 часот во малата сала на Центар за култура.

Нема компромис со климатските промени – твоја одговорност е да го заштитиш сопственото производство и добиток.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:важнозаконземјоделско осигурувањемзшвнајновопроблемсубвенции
Претходен напис Закон за задолжително осигурување: Нема компромис со климатските промени – твоја одговорност е да го заштитиш сопственото производство и добиток
Следен напис Ковачевски од Прилеп: Ја зголемуваме цената на тутунот по класи, 300 денари за килограм од прва класа!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?