Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

(ВИДЕО) Владата го развива млекопроизводството: Во фарма во Логоварди високостелни јуници од програмата за рурален развој


Министерот за земјоделство, Трајан Димковски, придружуван од директорот на Платежната агенција Николче Бабовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и раководителот на ПЕ на МЗШВ од Битола, Методија Илиевски, денеска беа во посета на еден од карантините кадешто се чуваат набавените високостелни јуници.

Овие 159 јуници кои моментално се наоѓаат во карантин се обебзедени преку мерката за набавка на приплоден добиток од Програмата за рурален развој.

-Подобрувањето на генетскиот потенцијал во сточарството е важен за развој на секторот и крајно за поквалитетни финални сточарски производи, изјави министерот Димковски и ја потенцираше важноста на оваа мерка:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со цел да излезе во пресрет на сточарите, во годинешната Програма за рурален развој направи измени на мерката за Набавка на добиток од увоз или од признати организации согласно Законот за сточарство -набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата Буша), педигрирани машки и женски приплодни грла овци, педигрирани машки и женски приплодни грла кози.

Од годинава апликантите прво склучуваа договори за набавка, па потоа набавуваа. Измената се направи со цел сточарите да бидат посигурни во инвестицијата и се прави на нивно барање.

Се очекува оваа мерка да создаде услови за обновување на генетскиот потенцијал на сточниот фонд, што директно ќе влијае и врз зголемувањето на продуктивноста на сточарското производство и на севкупниот развој на гранката.

Дополнително ќе придонесе за развој на целокупната млечна индустрија, преку зголемување на приносите од сурово млеко, подобрување на квалитетот, што ќе придонесе за зголемување на количините на млеко.

-Годинава со измените на програмата кои беа во интерес на фармерите, Агенцијата и сточарите потпишаа вкупно се овозможија 68 договори во вредност од 135,5 милиони денари при што ќе се увезат 1460 елитни грла а исто така 1133 грла овци. Овозможуваме формирање на матични стада со висок генетски потенцијал – изјави директорот Бабовски.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов ја потенцираше важноста на карантинот како мерка при увозот на животните. Карантинот е мерка која се спроведува на светско ниво по сите меѓународни стандарди во интерес на здравјето како на животните така и на луѓето:

Ефектите од овој проект се очекуваат да се видат веќе за неколку месеци – изјави Драган Илиевски, директор на суровина во Млекара АД Битола.
Дек 25, 2019agrotim1
„Хемометал“- Битола нуди одлични можности за набавка на нов трактор на одложено плаќањеПорибување со крап, на рекреативната зона „Акумулација Стрежево”

Напишете коментар Откажи одговор

25/12/2019 Сточарско производствобикови, Бимилк, карантин, логоварди, стелни јунци1,808

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019