Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Вистинско задоволство „пијан кашкавал“? Можете и сами да го направите, обидете се
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (ВИДЕО) Вистинско задоволство „пијан кашкавал“? Можете и сами да го направите, обидете се
Магазин

(ВИДЕО) Вистинско задоволство „пијан кашкавал“? Можете и сами да го направите, обидете се

Објавено 12/12/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вистинско задоволство е кога некој ќе ви понуди домашен тврд кашкавал со чаша добро вино. Но, дали некогаш сте уживале во кашкавал кој „одлежало“ во вино и во неговиот неповторлив вкус?

Како настанал „пијаниот кашкавал“?

Селаните во регионот Венето биле постојано под закана дека ќе бидат ограбени од војниците што поминувале низ регионот. Кашкавалот го криеле во остатокот од мелењето на грозјето и кога потоа го ваделе забележиле дека има добиено вкус на грозје.

Може да се обидете и сами да си направите „пијан кашкавал“ така што ќе ставите парче кашкавал со 38 – 40% млечна маст да стои во вино 2-3 месеци. Во тој период менувајте го виното бидејќи кашкавалот го впива најдоброто од него, па обидете се состојките од виното секогаш да бидат на исто ниво.
Притоа е важно и кои вина ги користите – Каберне, Мерло или Сира или домашно црвено вино.

Најдобро е да се користи вино од регионот во кој се прави кашкавалот, бидејќи тоа е можност за заштита на самиот производ како производ со географско потекло.

Откога ќе се извади, кашкавалот се става на созревање, на дрвени полици, со задолжително вртење. Влажноста на просторијата се препорачува да биде 80%. По 5-6 месеци ќе имате нешто на што ретко кој ќе му одолее.

Комбинирајте видови кашкавал (кравји, овчи, козји) со различни вина – изберете ги најдобрите комбинации и започнете смело патување. Има сè повеќе винарии кои им служат квалитетни кашкавали на гостите со виното – зошто и вашите „пијани“ кашкавали да не бидат дел од понудата?

Во видеото погледнете како една италијанска фабрика прави „пијан кашкавал“.

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:пијан кашкавал
Претходен напис Претпладне слаб локален дожд и магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Следен напис Ова е најбараниот рецепт во светот во 2023 година – Како се прави Суго ди Помодоро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?