Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Тутунот во експанзија – годинава се очекуваат над 31 милион килограми производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Тутунот во експанзија – годинава се очекуваат над 31 милион килограми производство
Агровести

(ВИДЕО) Тутунот во експанзија – годинава се очекуваат над 31 милион килограми производство

Објавено 24/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На прагот од новата производствена сезона на тутунот, се бележи рекордно зголемување и на склучените договори и на површините. Некои од тутунопроизводителите годинава дури и двојно го зголемуваат своето производство. Тие велат дека во моментов најдоходовна земјоделска гранка е тутунопроизводството, иако нивните очекувања се дека и откупната цена ќе бележи раст и заедно со субвенциите ќе достигне барем до 10 евра за килограм тутун, пренесува Алфа.

„Лани имав 40 декари. Годинава мислиме да имаме повеќе, 80 ќе бидат. Очекуваме да почнеме да садиме околу 7-8 мај, тука некаде, така ни е планот… Догодина можеби ќе ги зголемиме количините пак, како годинава што ги зголемивме… Со цената – добра беше, но сега, бидејќи поскапува нафтава, очекуваме Владата да даде до 500 денари и со субвенции 600 да биде. Најсреќни ќе бидеме ако биде така“, вели Миле Трајкоски, тутунопроизводител од с. Мало Коњари.

И од Сојузот на тутунски здруженија потврдуваат дека годинава се очекува рекордно производство, или во однос на лани за над 10 проценти. Склучени се 35.227 договори за обработка на 15.000 хектари површина, а пресметките велат дека приносот ќе тежи околу 31.575.000 килограми тутун. Во тек е и подготовката на документацијата за исплата на субвенциите на сите тутунари.

„Подобро платена култура од тутунот во моментов немаме. Така што сите земјоделци ги зголемуваат површините врз основа што е зголемена цената за откуп… Во тек е изработката на налозите за исплаќање на субвенциите, значи до крајот на месецов ќе се изработат и ќе се исплати субвенцијата за сите тутунопроизводители“, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Благодарение на Владата и ресорното Министерство за поголема помош на тутунопроизводителите, годинава е намалена и маржата на цените на ѓубривата – за 5 проценти кај вештачките и 10 проценти кај органските ѓубрива. Покрај ова, од Сојузот уверуваат и дека не се откажуваат од преговорите со откупувачите за повисоки откупни цени.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:мзшвсубвенциитутунцена
Претходен напис УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот
Следен напис Мицевска: Ветеринарната професија е животен повик, првата борбена линија во заштитата на здравјето на луѓето и животните
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?