Денеска бев во посета на Тутунскиот комбинат за да направиме увид во текот на откупот на тутун за реколта 2024 година. Иако последниот законски рок од 15-ти декември се уште не е на прагот, меѓутоа гледаме дека делот од тутунарите го имаат предадено својот род.
Согласно податоците кои што се водат во системот до вчерашниот ден се откупени милион и 1.400.000,00 килограми со просечна цена од 374,30 денари. И истиот е исплатен некаде околу 45% на земјоделците.
Земјоделскиот инспекторат го следи овој процес.
Тутунарите не треба да бидат загрижени, бидејќи оваа година ќе имаме поголем просек на откупна цена во однос на претходната година.
Министерството нема да дозволи разочарувања како што имаше во минатото.
Фејсбук статус на Цветан Трипуновски – министер за земјоделство