Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) Танкерот што тоне покрај брегот на Шри Ланка, може да предизвика еколошка катастрофа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (Видео) Танкерот што тоне покрај брегот на Шри Ланка, може да предизвика еколошка катастрофа
Агровести

(Видео) Танкерот што тоне покрај брегот на Шри Ланка, може да предизвика еколошка катастрофа

Објавено 03/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Танкер полн со хемикалии тоне покрај брегот на Шри Ланка, а светот стравува дека несреќата може да се претвори во еколошка катастрофа, пренесува Би-Би-Си.

Танкерот „X-Press Pearl“ гореше скоро две недели, а пожарот конечно беше изгаснат оваа недела.

Ако бродот потоне, стотици тони гориво може да се излеат во морето и да го уништат морскиот живот таму.

Воените морнарици на Шри Ланка и Индија работеа заедно во изминативе денови за да го изгаснат пожарот како и да го спречат кршењето и потонувањето на бродот, но нивното работење го отежнува невремето на морињата и монсунските ветрови.

Портпаролот на морнарицата Шри Ланка, Индика Силва за Би-Би-Си изјави дека „спасувачите се обидуваат да го вовлечат бродот во длабокото море пред да потоне за да се минимизира загадувањето на морето“.

Уништување на целото морско дно

Екологот Ајанта Перера предупреди дека можноста за потонување е „најлошото сценарио за животната средина“.

„Со целиот опасен товар, азотна киселина и други соединенија, како и горивото на бродот, тонењето ќе доведе до уништување на целото морско дно“, додаде таа.

Крајбрежната област во близина на градот Негомбо е веќе загадена со нафта и друго загадување.

Министерството за риболов на Шри Ланка објави дека стапиле во сила итни мерки за заштита на лагуната Негомба и околните области.

Екипажот знаеше за истекувањето

Властите на Шри Ланка веруваат дека пожарот бил предизвикан од истекување на азотна киселина од 11 мај. Бродот превезувал 25 тони многу корозивна киселина, што вообичаено се користи во производството на ѓубрива и експлозиви.

X-Press Shipping, компанија сопственик на бродот со седиште во Сингапур, потврди дека екипажот бил свесен за истекувањето, но дека Катар и Индија одбиле дозвола да влезат во нивните води.

Фактот што Шри Ланка дозволи бродот да влезе во нивните води предизвика бурни реакции во јавноста.

Официјалните лица поднесоа полициска жалба против капетанот на бродот кој беше спасен минатата недела заедно со другите членови на екипажот.

Полицијата во Шри Ланка наводно ги испрашувала капетанот и инженерот повеќе од 14 часа.

Пожарот на „MV X-Pres s Pearl“ постојано гореше од 20 мај, предизвикувајќи сериозни штети на бродот, што, според официјалните лица, е „стар само пет месеци“ и предизвика сериозно загадување во океанот и долж поголемиот дел од познатите плажи на островот.

Може да ви се допадне

Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите
Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Таг:еколошка катастрофатанкершри ланка
Претходен напис Времето денеска сончево со мала облачност и умерен ветер
Следен напис Колку пари можете да пренесете преку граница? ЕУ воведува нови правила за внесување и изнесување готовина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?