Директорот на АФПЗРР Илија Стоилев во емисијата Студио 10 на 24ТВ зборуваше за актуелниот повик за Мерка 7 од ИПАРД 3, за можностите и условите за аплицирање.
– -Ова е втор јавен повик за Мерка 7, што го распишува Агенцијата. Првиот заврши со 51 склучени договори со вкупна сума на кофинансирање нешто повеќе од 11 милиони евра. Сега на 4 ти ноември распишавме нов јавен повик од Ипард 3 програмата со мерка 7 каде се исклучија оние непрехранбени сектори кои претходно беа приоритетни во претходниот повик. Одредени апликанти кои не можеле да се најдат односно да бидат интегрирани во претходниот јавен повик сега имаат можност преку овој буџет од 14 милиони евра едноставно да бидат корисници на овој фонд.
На минатиот повик не се јавил ни еден занаетчија како апликант, веројатно мислеле дека немаат шанса и дека нема да има доволно средства.
Тука ја гледаме шансата и кај занаетчиите, се запознавме со претседателот на занаетчиската комора Агрон Фазлии, продискутиравме за можноста, на оваа мерка, каде што претходно, морам да напоменам дека во претходниот јавен повик не се јави ниту еден занаетчија бидејќи сметале немаат доволно буџет и не можат да одговарат на јавниот повик еве сега можност со наша помош и асистенција на Занаетчиската комора да можат да бидат приклучени и тие односно да бидат корисници и на Ипард финнсиските средства кои Европската комисија ги доделува со цел да се развијат руралните средини.
Причините за незаинтересираноста на занаетчиите за аплицирање, според Фазлии се нерешените имотно правни односи за што апелираше до локалната власт да помогнат во овој процес.
-Има многу причини зошто занаетчиите не аплицираат, тоа главно нерешени се имотно правни односи во руралните средини до 30 000 жители, како што бара ИПАРД. Во иднина заеднички ќе алармираме на локално ниво да се реши за да можат да искористат од овие средства. Интерес постои но не ги исполнуваат условите – рече Фазлии.
Директорот Стоилев потенцираше дека мерката се однесува за Рурални подрачја со 30 000 жители.
-Да бидеме вака попрецизни овој проект е наменет за рурални средини кои се под 30 илјади жители да не создаваме одредени нејаснотии. Идејата е да тие рурални средини ни се осовременат и да граѓаните можат да се развиваат во рамките на тие рурални средини да не бараат излез од состојбата, начин на нивно идно живеење во други општини и да нема миграција, туку бизнисот да биде сконцентриран во тие средини.
-Правилата на игра се воспоставени онака како што налага Европската комисија и законските регулативи и тука не постои простор ниту за субјективизам ниту за одредени промени во тек на јавниот повик во делот на процедурите.
Досегашното наше искуство говори дека најмногу се инвестира во изградба на објекти и набавка на нова опрема, односно машини и алати.Што се многу строги правила но не значи дека не се достижни бидејќи досегашните искуства покажуваат дека има многу такви успешни проекти само треба нашето одделение, нашиот сектор дали е градежен или е друг сектор да се навикне на правилата на игра кои ги налага Европската комисија која тие правила ги воспоставува и за граѓаните на земјите членки на ЕУ и за останатите кои се кандидати или претенденти за членство во ЕУ. Затоа фокусот треба секогаш да биде и интенција на Агенцијата и на стручните лица да нашето население и секторите кои се засегнати со Ипард програмата едноставно да се навикнат да ги почитуваат тие правила и успехот тука ќе биде неминовен.
Морам да признам дека искуството покажува дека нашите компании се некако навикнати да очекуваат одредена помош или субјективизам од страна на Агенцијата при добивање на одредени поволности да може нивната апликација да биде успешна.Постои мониторинг и на домашно ревизорско тело и на ревизорско тело од страна на Европската комисија дури и Агенцијата ОЛАФ будно ги следи сите овие работи и реагира веднаш.
Претходно имало сомнеж но нема констатирано неправилост во нашата Агенција, на презентација на извештајот на ОЛАФ на годишната конференција на директорите на платежните агнеции кој се одржа минатиот месец во Будимпешта се покажа дека најголем дел од нивните соневања и извештаи се точно од земјите членки на ЕУ. И Хрватска која е членка на ЕУ беше мнгоу ниско на ова скалило.
Стоилев ја објасни целата постапка околу аплицирањето, потпишување договор со Агенцијата и завршување на инвестицијата.
-Прво се набавува, се гради објектот па потоа се поднесува барање за исплата, контрола на терен оди на лице место се утврдува дали инвестицијата е ставена во функција и тој процес што е наведн дали за производство или за градежен објект мора да е вселив објектот, а машините да бидат инсталирани и во функција и тогаш се исплаќа.
-Најчесто е 60 посто процентот на кофинансирање, минимална сума на кофинансирање е десет илјади евра а максимална е 600.000 евра. .Доколку побарувањето или инвестицијата е поголема од 600.000 евра тогаш пропорционално се намалува сумата на сите предложени ставки од тој прилог два што го има во апликацијата да се дојде до максималната сума која што е 600.000 евра – изјави Стоилев.