Создадена е првата пчела робот, која може да лета како вистинска, објавено е во Interesting Engineering. Тоа е резултат на работата на истражувачите од Државниот универзитет во Вашингтон во САД.
Пчелата робот го носи името Bee++, има четири крилја, од кои секое е опремено со независни лесни актуатори (еден вид мотор) кои можат самостојно да го контролираат крилото. Специфичниот дизајн му овозможува на овој вештачки опрашувач да ги имитира движењата на вистинските пчели.
Тоа е првиот робот кој може да лета во сите правци. Распонот на крилјата е 33 мм. Тежи 95 мг, што е повеќе од вистинските пчели кои тежат околу 10 мг.
Истражувањето го предводел Нестор О. Перез-Аранцибија, кој работи на создавање на вештачки инсекти во последните три децении.
Неговата претходна работа се фокусираше на развојот на пчела со две крилја, но таа имаше ограничена подвижност. Во 2019 година, истражувачкиот тим направи пробив со конструирање на робот со четири крилја кој беше доволно лесен за да постигне полетување.

Сега успеале да добијат сложено движење при летот, што и овозможува да одржува стабилност и да се фокусира на одредени точки за време на летот. Ја зголемиле фреквенцијата на мавтање на крилјата од 100 на 160 пати во секунда.
Моментално може да лета пет минути и затоа мора да остане поврзана со извор на енергија. Се очекува дека пчелите роботи ќе можат да ги заменат вистинските пчели во опрашувањето.
