43-годишниот Бобан Рајчевиќ од с. Кучевиште, кое се наоѓа во северниот дел на скопската котлина, на територијата на Општина Чучер Сандево, кое од градот Скопје е оддалечено 15-тина километри, е првиот сопственик во држава кој што го поседува најновиот модел на трактор од брендот Солис т.н Фејс Лифт. Го набавил само пред некој месец од „Хемометал“.

На ден Ѓурѓовден не пречека Бобан, а приказната ни ја раскажа неговиот татко Стојан. Има 70 години. Цел живот вели се занимава со земјоделие. На младостот повеќе тој работел, а сега вели само им помага на синовите онолку колку што може. Моментално обработуваат 80 хектари земја, којашто исклучиво ја садат со житни култури. Само 8 хектари е нивна сопственост, а останатиот дел им е закупен.

Приносот годишно им е од 4 до 5 тони јачмен и пченица по хектар. Мора, вели, да имаш соодветна механизација за правилна обработка на земјата за да ти даде поголем принос. Во 2018 година набавиваат трактор Солис од „Хемометал“. Откако ја виделе разлика во споредба со стариот трактор, за тоа колку побрзо, полесно, и поквалитетно се обработува земјата, годинава го купуваат новиот трактор Солис со моќност од 90 коњски сили. Истиот, вели, е поволен за секој земјоделец, бидејќи има нова маска, нова шал-табла, синхрон полнач и лед светла.

Освен тракторите, од „Хемометал“ ја имаат набавено и останатата приклучна механизација. Поседуваат приколица од брендот Тиназ со капацитет од 4 тони, кримлер или сетво спремач, гунгур сеалка, косачка Тиназ и два плугови од брендон Алплер едниот тробразден, другиот четирибразден. Соработката со Хемометал ја имаат долги години.
Но освен што се занимаваат со земјоделие, тие имаат и фарма со бикови за тов, или гоење и растење на телињата. Целиот принос од обработката на земјиштето го користат за храна на биковите. Фармата им е со капацитет од 80 бикови, но мoментално имаа уште 40, бидејќи половината ги продале. Најмногу вели Стојан се продаваат во пресрет на муслиманските празници како и за Нова Година. Гоењето на телињата е специфично, во смисла на тоа каква храна им се дава, такво ќе биде месото, вели Стојан. Колку е подобра храната, толку ќе биде и поквалитетно месото, вели тој.

Ги купуваат телињата додека се мали по цена од 200 денари за килограм, а откако ќе ја постигнат тежнината од 600 до 700 килограми ги даваат за тов за месо во кланиците, по цена од 135 денари.
Земјоделието е, вели, тешко и мачно, но онај што сака да заработи мора да сработи, вели Стојан. Планот им е годинава да го зголемат производството на житни култури, односно сегашните 80 хектари да ги заокружат на 100, a тоа вели тој, бара нова дополнителна механизација која, како што рече, повторно ќе ја набават од „Хемометал“.
Компанијата пак, во знак на долгогодишната соработка на Бобан му додели плакета.

А Стојан, за како што рече рекреација, си чува и 20-тина овци со јагниња.

Извор: tera.mk
