Силно торнадо вчера ја погоди југоисточна Чешка, при што има жртви и голема материјална штета. Според тамошните медиуми загинале тројца, а околу 150 луѓе се повредени.
Торнадото било проследено со бура и град со големина на тениски топчиња.

Метеоролозите проценуваат дека синоќа торнадото достигнало од трет до четврти степен, што значи брзина од над 300 километри на час.

Некои села се отсечени, а луѓето од оштетените куќи се евакуирани. Затворен бил скоро целиот автопат во правец на Брно. Околу 32.000 домаќинства останале без електрична енергија.
