Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Претреси во штипско, лишени од слобода две лица затекнати при незаконска сеча
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Претреси во штипско, лишени од слобода две лица затекнати при незаконска сеча
Агровести

(ВИДЕО) Претреси во штипско, лишени од слобода две лица затекнати при незаконска сеча

Последна измена: 09/08/2024 11:20
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

На 08.08.2024 во 07 часот во с.Селце, штипско, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за економски криминал и корупција, Регионален центар за гранични работи Југ, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – СПО и Секторот за внатрешни работи Штип, во координирана акција ги лишиле од слобода И.А.(43) и Е.А.(19), двајцата од с.Селце.

Во акцијата биле вклучени и дронови, за кои пред неколку дена директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев најaви дека ќе вршат мониторирање на шумските појаси на територијата на целата држава. И.А. и Е.А. биле затекнати при незаконска сеча на дрва за огрев во шумски предел кој до неодамна беше зафатен со пожар на планината Серта и покрај активната забрана за движење во шума.

Од нив биле одземени трактор со приколка, две моторни пили и исечените дрва. Подоцна, по насоки од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, била добиена наредба и бил извршен претрес во нивниот дом во с.Селце, при што биле пронајдени и одземени испратници и одобренија за сеча на дрвна маса, издадени од ЈП „Национални шуми“, фотокопии од лични карти за кои се поднесувале барања за добивање на одобренија за сеча, воздушна пушка, две канти со бензин, импровизирана направа за центрирање на оптика за огнено оружје и други предмети поврзани со делото.

Исто така, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за економски криминал и корупција и СВР Штип бил извршен увид и била одземена документација во ЈП „Национални шуми“ – Штип.

По целосно расчистување и документирање на случајот, СВР Штип против двете лица ќе поднесе кривична пријава по член 235 став 3 од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивните активности за откривање и санкционирање на други кривични дела во врска со незаконска сеча на дрва, како и за откривање и санкционирање на лица кои предизвикуваат пожари во шумски предели.

Може да ви се допадне

Наскоро субвенции и за производителите на пченица и јачмен, најави директорот на Платежната агенција
Царинска управа: На Богородица и Меѓународен аеродром Скопје спречени обиди за шверц на цигари и тутун, над пет илјади алатки за тетовирање
Во првиот квартал за 4,8 проценти намален прометот од продажба на услуги, зголемување во одделот Туристички агенции и туроператори
ЕК и изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции
Состојба на патиштата
Таг:затекнатилишенинезаконска сечаПретресиштипско
Претходен напис Идната недела портокалово ниво за опасност од високи температури
Следен напис Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?