Садниците од јаболка можат да се садат од есен до пролет под услов
температурите да се над 0°С и земјиштето да не е замрзнато. Сепак предност треба да
има есенското садење. Садниците посадени одма после вадењето од растило во есен
имаат одличен прием. Ваквите садници во текот на есента, зимата и раната пролет
полека формираат нови жили, а раните на кореновиот систем зараснуваат. Во пролет
овие садници нормално потеруваат, ефикасно ги користат пролетните дождови, така да
добиваат одлично обраснување на коренот, добро развиени леторасти на кои другата
година може да се очекува и род.
Во случај есента да е сува после садењето садниците треба да се наводнуваат. Садењето во пролет не се препорачува пред се заради зголемените трошоци за нега. Во колку се сади во пролет обично е потребно после садењето и 2-3 наводнувања во текот на вегетацијата. Покрај ова приемот може да биде нешто полош отколку при есенското садење, а пополнувањето на празните места може да се врши дури на есен. Пролетното садње во поволни временски услови може да даде релативно добри резултати, но по правило тоа секогаш заостанува во однос на есенското.
Техника на садење
Техниката на садење на овошките ја опфаќа подготовката за садење и самото
садење. Всушност садењето е многу едноставна работа, меѓутоа од квалитетот на
извршувањето на работите, во голема мера зависи приемот и успехот на садењето во
целост. На обележаното масто каде ќе се сади овошката секогаш од иста страна на редот
се отвара дупка. На обележаното место каде ќе се сади овошката секогаш од иста страна
на редот се отвара дупка длабока и широка, колку да може во неа да се смести коренот
овошката, до истата длабочина на која била и во расадникот.
Пред садењето садниците се прегледуваат, ако се овенати(особено на пролет) се
оставаат еден ден во вода да се повратат и освежат или ако веднаш не се садат, тогаш
тие се утрапуваат на присојно место. Пред садење повредените корења се отстрануваат
или скратуваат за1/3. Скратувањето се врши со остри ножици.Пресеците што се прават
треба да се што помали ради побрзо да зараснат.
Пред садење се препорачува, коренот на овошката, да се потопи во каша од свежа добиточна балега, глина и вода. Во таква густа каша, садниците се освежуваат, се заштитуваат од сушење(ако се садат на пролет) и кореновите жили добиваат повеќе хранливи материи.Вака подготвената садница се става во однапред ископаните дупки, водејќи сметка садницата да не се посади длабоко, односно политко од колку што е потребно. Стеблото треба да биде поставено 3-5 см од колчето и жилите на коренот правилно да се распоредат на сите страни од дупката. Потоа врз жилите и помеѓу нив се става површинска ровка и ситна земја. Тогаш со целото стапало лесно се нагазува. По првото нагазување се додава 2-3 кг прегорено шталско ѓубре, водејќи сматка, ѓубрето да не дојде во допир со коренот. Потоа се дополнува просторот околу садницата со ровка земја и повторно се нагазува. Ако садењето се врши на пролет, тогаш секоја садница се полива со околу 10 лит. вода и по оцедувањето на водата, чинијата околу садницата се поравнува со ровка земја. При есенско садење садниците не се поливаат. Длабочината на садењето на садницата треба да биде таква да спојното место биде 1-2 см над површината на земјата.Ново во техниката на садење е таканареченото садње во бразда. Садењето во бразда во однос на класичниот начин ( со копање на дупки) е побрз и поефтин. .Откако е припремена површината се обележуваат само редовите.Са затегнува жица од еден до друг крај на парцелата, покрај која се движи трактор со еднобразден плуг, и отвора бразда на длабочина од 40-50см. Браздата се прави само во еден правец. Откако се отвори браздата со помош на обележана жица се одредуваат садните места. Садењето се врши со мотики на вообичаен начин. Независно од времето на садење, садниците се поткратуваат во пролет пред потерување веднаш над папката благо накосо.
Дип.инг.агр. Ламбе Куциноски
Напишете коментар