Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Нови блокади и протести на граѓани поради одземени возила – МВР тврди дека презема мерки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Нови блокади и протести на граѓани поради одземени возила – МВР тврди дека презема мерки
Агровести

(ВИДЕО) Нови блокади и протести на граѓани поради одземени возила – МВР тврди дека презема мерки

Објавено 04/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Огнови, блокади и протести во повеќе градови низ државата поради конфискација на возила без возачка дозвола. Лица погодени од мерката за одземање возила без положен возачки испит протестираа во Штип, Кочани, Струмица, Прилеп, Битола и Ресен поради одземањето на нивните возила, согласно членот 297 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“, информира 24ТВ.

Во Штип група на граѓани запалија гуми на улица, по што интервенираше Противпожарната служба со цел да го изгасне огнот и да овозможи нормализирање на состојбата. Во Кочани, граѓаните се собраа во населбата Трајаново Трло. Во Битола пак беше блокиран магистралниот пат кон Ресен кај населбата Баир, по што протестот продолжи и денеска низ градските улици. Заедничкиот мотив на сите протести е незадоволството од одземените возила, кои, како што велат граѓаните, им биле основно средство за работа и извор на егзистенција за нивните семејства. 

Нeмало нарушување на јавен ред и мир на синоќешните протести на граѓаните во повеќе градови во земјава, соопштија денеска од МВР за 24. Од таму не одговорија дали има повикани лица на информативен разговор по јавната закана за убиства и тепачки доколку им биде одземено возило, туку кратко посочија дека МВР во координација со Јавното обвинителство презема соодветни мерки и активности за понатамошно постапување. 

Премиерот Христијан Мицкоски пак денеска информираше дека од полицијата побарал жесток одговор за секој што го прекршил законот, се заканувал или го загрозил јавниот ред и мир во текот на вчерашните блокади.

А, освен протестите и построгите сообраќајни правила на системот „Сејф сити“ исто така предизвикаа поделени реакции во јавноста. Додека некои ги поддржуваат овие строги мерки, други сметаат дека пристапот за возачка дозвола треба да се поедностави и да биде поефтин.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:премиерпротестиромиСејф Сити
Претходен напис Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година  
Следен напис Облачно со повремен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?