Павел Постевој, земјоделец од Краснодар, секојдневно носи стотици гуски на прошетка на пасиштето, а тие одат по неговите стапки.
Павел одгледува гуски речиси три децении и добро ги проучувал нивните навики.
-Кога птицата ќе се изведе, првиот лик што го гледа и првиот глас што го слуша, го запомнува како глас и слика на родителите. Затоа, до првиот, вториот месец од животот, вашиот глас и лик ќе го разликуваат од другите и ќе ве слушаат – вели Павел.

Додава и дека гуските се чувствителни и своеглави животни. Гуските реагираат на секое шушкање, тие се многу чувствителни, но и многу непослушни. Ако оставите трактор или нешто друго надвор преку ноќ, гуските ќе ја изгризат целата инсталација преку ноќ. Ќе изгризат буквално сѐ што можат – вели тој.
Фармерот напоменува дека за одгледување на овој вид живина не е потребна материјално-техничка основа и специјална опрема, а во Краснодар, меѓу другото, нема силни зими, што придонесува и за одгледување на живина.
Павел има и свој канал на YouTube, преку кој ги запознава гледачите со одгледувањето гуски.
