Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) На фармата на семејството Шукало, маторица опрасила 29 прасиња
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (ВИДЕО) На фармата на семејството Шукало, маторица опрасила 29 прасиња
Магазин

(ВИДЕО) На фармата на семејството Шукало, маторица опрасила 29 прасиња

Последна измена: 20/04/2022 09:56
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Несекојдневна глетка затекнал на својата фарма домаќинот Милан Шукало во Градишкото село Карајзовци, Босна и Херцеговина, каде што маторицата опрасила дури 29 прасиња, што е рекорд, како кај нив, така и во околината.

Домаќинот вели дека маторицата досега не опрасила повеќе од 22 прасиња, но минатиот викенд било поинаку. Сега, вели Шукало, ги соборила сите рекорди, како во нивниот крај така и многу пошироко.

„Претпоставувавме дека ќе има многу прасиња, судејќи по стомакот што и беше спуштен, но дека ќе бидат толку, не очекувавме. Ова е трет пат да се опрасува, а претходните два пати се опраси со по 22 прасиња. Две угинаа веднаш, што беше и очекувано, бидејќи ги имаше премногу“, изјави Шукало.

Ова семејство со децении одгледува свињи и смета дека една од причините за бројот на прасињата е генетиката, но и природното оплодување. Иако оваа маторица требало да заврши во кланица, Милан вели дека синот не дозволил и дека ќе ја „пушти“ да е опрасува уште најмалку три пати.

„Работевме нешто на поле, и кога влегов во свињарникот видов четири, па девет, а на крајот кога изброивме 29 прасиња, бев во шок“, вели Милан.

Било неизбежно некои од нив да умрат. Меѓутоа, овие одговорни домаќини ги префрлиле прасињата кај други маторици за да ги спасат. Досега пет од нив починале, па се надеваат дека ќе застанат тука.

„На прасињата им е тешко да функционираат кога ќе се префрлат кај друга маторица. Без разлика на се, тие ја чувствуваат и својата мајка, која може да нахрани петнаесет од нив“, додаде Милан.

Целото семејство на Милан секојдневно работи на полињата за да произведе доволно храна за големата фарма. Тоа се, пред сè, сено, пченка, пченица, соја и јачмен.

-Имаме многу свињи, па ни треба многу храна. Бев и на страна, односно работев во Виена еден месец, но брзо се вратив, затоа што дома е најубаво. Понекогаш работиме од утро до вечер, но никој не не тера и немаме работно време. Сами сме газди, работата на село бара голема жртва и труд – изјави Драган и рече дека сака да остане на имотот и да живее исклучиво од својата работа.

Покрај сите култури кои се потребни за функционирање на фармата, семејството Шукало одгледува и лубеници.

-Засадивме околу три и пол хектари лубеници, а откупуваме и калемени садници. Приносите беа добри, околу 80 тони по хектар и сето тоа го пласираме на домашниот пазар – вели Драган Шукало, пренесува Агросавјет.

Може да ви се допадне

Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово
Корисни совети за заштита од оси лете
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе
Таг:29 прасиња
Претходен напис Пет нови јавни повици од Програмата за рурален развој
Следен напис Бектеши и Николовски уверуваат дека сончоглед и зејтин има
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?