Кога ќе се каже „вистински земјоделец“ може слободно да се допише името на Ментор Усиновски од Граешница. Вреден земјоделец, фармер со модерни сфаќања, со менаџерки способности кој точно знае што сака да постигне со земјоделското производство, а тоа е – да заработи.
Не се жали, не критикува, не бара ништо…работи и инвестира во земјоделството, во нова фарма, се модернизира за порентабилно производтсво.
Купил трактор „ЗЕТОР“ Проксима од Хемометал, за кој вели дека прво му се виделе многу пари, ама после сфатил дека со добра организација и работа, тракторот сам си ги враќа парите.
Интересен во зборувањето, со одлични пораки до другите колеги земјоделци, Усаиновски вреди да го слушнете во изјавата за ТВ Тера од Битола.
