Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Меџит Амити:После 38 години со сточарство, одам во пензија, осигурајте се за да имате сигурна иднина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > (ВИДЕО) Меџит Амити:После 38 години со сточарство, одам во пензија, осигурајте се за да имате сигурна иднина
Агросектор

(ВИДЕО) Меџит Амити:После 38 години со сточарство, одам во пензија, осигурајте се за да имате сигурна иднина

Објавено 20/10/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Меџит Амити е сточар, кој со сточарство се занимава 38 години и тоа ќе биде професијата со која ќе ја дочека и пензијата.  Тој раскажува дека да се одгледува стока е многу тешко, бидејќи постојано се соочуват со проблеми, со штета од волк, од мечка од град, од болести.

-Ние имаме најдобри услови и места и најдобра трева по планините, каде и да одите, по Кораб, по Шара, по Бистра, на секој метар имаме чиста вода. Само од водата и од флора и фауна од што јадат овците, само тоа сирење да се јаде е најдобро за здравјето, истакна Меџит.

Уште еден сточар, кој активно и фамилијарно се занимава со сточарството е Марјанчо Ристовски.

-Работиме во овој бизнис, фамилијарно. Чуваме околу 500 грла овци и некоја коза. Сите инвестици се од наши средства и оваа фарма е со наши средства, слободно можам да кажам дека сите досегашни субвенци се наменети во неа. Живата стока е најтешка за одгледување и чување, ќе ја пуштиш на паша неможеш да знаеш дали ке се вратат сите назад, вели Ристовски.

Од осигурителните компании нудат различни пакети и поволности,  посебно кога станува збор за осигурување на добитокот.

-Осигурителните компании нудат повеќе пакети во поглед на заштитата на домашните животни од видот на говеда каде што пред се основни приоритети се проблемите настани од смрт од болест, дали ќе биде тоа од заразна, незаразна или од несреќен случај и моментот е друг каде што  доколку кај животните настанала  повреда или болест а можат да се искористат економски односно да се пратат на присилно колење. За се ова одгледувачите се обесштетуваат во зависнот од категоријатана животното, возраста и производните капацитети на самото животно, вели Сашо Горѓиевски од СН Осигурителен брокер АД Битола.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=yIWFX-Z7IhY

За купување на осигурителна полиса, државата учествува со 60% финансиска помош од вкупната сума што треба да се плати.

-Државата односно Владата има активна улога во охрабрување на развој на земјоделското осигурување  со политиката на субвенционирање на премиите коишто фармерите треба да ги платат кон друштавата за осигурување.  60% од премијата се субвенционира од страна на државата, што значи дека земјоделецот треба да плати само 40% од премијата, истакна Климе Попоски од Агенција за супервизија на осигурување.

Меџит Амити нагласува дека едно семејство може да живее со 150 овци, само што треба да се осигура со полиса, која 60% ја плаќа државата.

-Кога ќе знаат луѓето дека ќе се плати штетата што ќе се направи, мислам дека сите ќе ги осигураат животните и ќе има многу позитивен развој на сточарството бидејќи тоа е многу добра идеја, истакна Меџит.

Затоа не гледај во небото, осигури се!

„Современо Земјоделство“

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Таг:меџитне гледај во неботоосигурувањесточарсубвенции
Претходен напис Бабовски : На располагање се нови средства за поддршка на рибарството и аквакултурата
Следен напис „Не гледај во небото, осигури се“! Земјоделците зборуваат за важноста на осигурувањето кај земјоделското производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?