Деновиве на YouTube каналот Stonehenge Dronescapes беше објавено видео од имресивните кругови во житото снимени од воздух. Тие се појавиле во близина на малото село Вест Стоуел во англиската област Вилтшир. Златните полиња ги красат четири интересни кругови кои уште еднаш ја заинтригираа јавноста, особено оние кои веруваат во разни мистерии.
Овој феномен првпат е забележан во 70-тите години на минатиот век, токму во Англија. Врвот на ваквите случаи беше во 80-тите години, се појавија и во 90-тите и подоцна, но спорадично, во САД, Австралија и други земји во светот.
Многумина видоа вонземска активност во нив, а Артур Кларк ги опиша во својата книга Мистерии на светот, заедно со други чудни, тогаш необјаснети настани.
Тајната на англиските кругови беше откриена во септември 1991 година кога британскиот весник „Тудеј“ објави сторија на насловната страница со наслов „Луѓето кои го измамија светот“, откривајќи дека двајца пријатели од Саутемптон тајно направиле повеќе од 200 патерни во текот на претходната деценија.
Даг Бауер, тогаш 67-годишен, и неговиот 62-годишен пријател Дејв Хорли, му признале на новинарот Греам Броу дека кон крајот на 1970-тите почнале да користат дрвени штици со јажиња прицврстени на секој крај за да ги притиснат круговите во посевите. Со раце ги држеле јажињата, а со нозете ги притискале штиците. На крајот се забавувале гледајќи како нивните лудории, за кои никој не знаел, привлекуваат огромно медиумско внимание, а имитаторите ширум светот почнле да ги копираат, пишува Њујорк Тајмс.
Без оглед на се, круговите сè уште привлекуваат големо внимание.
И додека некои гледаат убавина, други, јасно, гледаат штета. Така, на фејсбук-страницата Stonehenge Dronescapes, кога објавуваат фотографија од овогодинешните кругови на земјоделските култури, има и такви кои коментираат дека земјоделците не сакаат луѓето да влегуваат во нивните ниви.
„Во моментов посевите сè уште може да се жнеат, но ако луѓето одат по него, веќе нема да може. Во прехранбена криза“, предупредува Пол Тимлет.
А како изгледаат круговите од воздух, погледнете во видеото:
