Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Крајни рокови за нови цени и законски измени за тутунопроизводство и откуп
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Крајни рокови за нови цени и законски измени за тутунопроизводство и откуп
Агровести

(ВИДЕО) Крајни рокови за нови цени и законски измени за тутунопроизводство и откуп

Објавено 22/02/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На неколку „фронта“ се одвиваат преговорите за новите цени, за измени во Законот за тутун, како и во Правилникот за откуп и проценка. Со последништво на ресорното министерство и министерот Трипуновски, во тек се разговорите со откупувачите во работната група. Се бараат начини да се стандаризира производството на околу 20-22 милиони кгр тутун, да се испочитуваат барањата на тутунарите за фер цени, но и потребите на откупувачите, информира РадиоПела

-„Имаме иницирано неколку точки: една е за измена на Законот за тутун во ова работно тело. Како предлози дадени се од нас од Сојузот, за забрана за увоз на ароматичен суров тутун; враќање на ингеренциите на Сојузот, така што без согласност на Сојузот да не може да потпишуваат договорите, односно да се договараат цени и договори; исто така баравме измена на член од Законот за полагање на добивање на лиценца, не само на носителот на стопанството, односно на договорот, но и потесното семејство, да може да полага за лиценца и неговиот син, ќерка или снаа. Сеуште сме во преговори, сеуште немаме донесено дефинитивни заклучоци и одлуки,“ рече Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија, официјалниот претставник на тутунарите во преговорите.

Според законската регулатива заклучно до 20 ти февруари откупувачите се обврзани да испратат предлог цени за новите договори. Сојузот ќе ги отвори понудите, ќе ги разгледува, и треба да се подготват одговори во законски рок од 5 дена, така што во овој период новите цени не се коментираат. Кои се очекувањата за новите цени?

– Вечерва на Извршен одбор ќе ги видеме понудите и ќе го одговориме позитивно или негативно. И во рок од 5 дена треба да добиеме повторно, согласност нивна или нови цени, и тогаш ќе излеземе и јавно ќе кажеме, кои се нивните, а кои нашите понуди и што треба да прифатиме. Ние кажавме наш став дека не смееме да помислиме дека наредната реколта цените ќе бидат пониски од оваа, може да бидат повисоки, а не пониски, потенцира Ристески. 

Значајно е да се воведе ред во тутунопроизводство, во откупот бидејќи интересот за ориенталниот тутун сеуште е голем и има недостиг. Од двете страни: тутунопроизводители и откупувачи, со посредство на државата се очекува да се воведат правила кои ќе овозможат стабилно производство, задоволни тутунари и откупувачи.

–Кај компаните има интерес и тие сакаат да го купуваат, меѓутоа сакаат да се воведе некој ред. Ние сме тука, им подадовме рака да им помогнеме, меѓутоа колку ќе не’ прифатат и нас како Сојуз, нашите сугестии не знам. Во работната група му понудивме некои решенија за измена на Правилникот за откуп, посочи Ристески.

До крајот на оваа откупна кампања остануваат уште 7 дена. Откупени се точно 24.163.000 кгр тутун, до 20 ти февруари, од кои 99 отсто е откупен на прва класа. Тутун сеуште се презема, но само сув, ферментиран или во договор со тутунарите доколку производството е над крајната граница со влажност, или недосушен тутун, се цени по класи.

Извор – РадиоПела

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:земјоделциоткупТутунопроизводителицена
Претходен напис Земјоделците бараат контрола на ЦЕНИТЕ на ЗАШТИТНИТЕ СРЕДСТВА, исти препарати се продаваат многу поевтино во соседните земји
Следен напис Облачно со слаб ветер, дневната температура до седум степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?