Маслото од лаванда може да биде корисно во многу ситуации. Меѓу другото, лавандата ја поттикнува регенерацијата на кожата, има антибактериско и антисептично дејство, помага при мигрена и депресија, а притоа мириса прекрасно.
Во продолжение прочитајте како можете сами да си направите масло од лаванда – мацерат, кое се добива од цветови и листови од лаванда помешани со некое неутрално масло.
-За маслото се користат цветовите од лавандата, а можат и ливчиња.
-Цветовите треба да се берат преку ден кога е најтопло, затоа што тогаш имаат најмногу етерично масло.
-Лавандата врзете ја во сноп и оставете ја на неколку часа за кратко да се просушат цветовите и да се разбегаат инсектите кои се можеби присутни на нив.

-Цветовите и ливчињата се мацерираат во масло.
-Пресуден е изборот на маслото. Би требало да биде некое неутрално, без јак мирис. Најдобар избор е бадемово масло, масло од семки од грозје, а дури потоа маслиново масло.
-Ставете ги цветовите и листовите во тегла, а потоа ставете го маслото да ги преклопи.

-Затворете ја теглата и оставете го мацератот околу три недели на топло место .
-После тоа процедете го и истиснете го целото масло од цветовите.

-Чувајте го маслото во темни шишенца.
Во следното видео погледнето го целиот процес на подготовка, како и бенефитите од маслото од лаванда:
