Клаудија Кис и Ричард Варга од Унгарија спасиле два орли кои за малку ќе се удавеле во реката Дунав.
Како што пишува Би-би-си, парот учествувал во предизвик за подигнување на свеста за загадувањето на реката Дунав. На нивното патување, наишле на два орли на кои им се заканувало давење.
„Ох боже, два орли се залепени заедно“, вели Ричард во видеото што го снимил додека пловеле со кајакот.
Тој вели дека видел два орли среде реката како се обидуваат да одлетаат.
„Имавме јаже за спасување во кајакот. Го фрлив кон орлите и се обидов да ги повлечам. Успеав да ги разделам“, рекол Ричард за Би-би-си.
