Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Изгоре единственото противпожарно возило на Пехчево, за среќа нема човечки жртви
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Изгоре единственото противпожарно возило на Пехчево, за среќа нема човечки жртви
Агровести

(ВИДЕО) Изгоре единственото противпожарно возило на Пехчево, за среќа нема човечки жртви

Објавено 12/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во пожарот кој со денови беснее над Пехчево изгоре единственото возило на пожарната од Пехчево. За среќа нема повредени лица.

„Еве ја вистинската слика за тоа што оставаат пламените јазици онаму каде ќе поминат, 😔❗️

Ова е видео од противпожарното возило со кое денеска храбрите пожарникари се обиделе да му се спротивстават на новиот пожар над Пехчево❗️

Среќа во несреќа е тоа што нема човечки жртви и учесниците во гаснењето поминале со помали изгореници“, напиша заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, кој го сподели видеото на социјалните мрежи.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, синоќа сподели видео од седницата на кризниот штаб во Пехчево и информираше дека рано наутро со гаснење ќе започнат два полициски хеликоптери.

„Помалиот хеликоптер ќе полни вода од специјално за таа намена наместен базен на стадионот во Пехчево а големиот Ми 171 со ведро од 2,5 тона ќе полни од 25 тонски базен со вида на приватна фирма која стопанисува со плантажа со лешници. Од земја ќе гаснат пожарникари од Берово, Виница, Кочани, Кавадарци како и вработени од Национални Шуми и тим од ДЗС“, напиша Ангелов.

Вчера попладне повторно избувна пожар кај месноста Јудови Ливади во Пехчево, а истиот беше забележлив и од бугарска страна. Градоначалникот на градот, Александар Китански, преку соопштение побара сите доброволци да се вклучат во гаснењето на пожарот.

-Почитувани граѓани пожарите во Пехчево се се уште активни! Сите доброволци за гасење на пожарот во Пехчево да бидат на зборно место плоштад свети Петар и Павле со себе да понесат лопати, истакна Китански во пренесениот апел од Кризниот Штаб и напомена дека најстрого се забранува самоиницијативно одење да се гаси пожарот.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:видеоИзгореПехчевопротивпожарно возило
Претходен напис Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна
Следен напис Вон контрола пожарот во Националниот парк „Преспа” кај Пустец
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?