Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Интервју со Бочварски: За само пет години изградивме и рехабилитиравме 1.300 км патишта
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > (ВИДЕО) Интервју со Бочварски: За само пет години изградивме и рехабилитиравме 1.300 км патишта
Рурален Развој

(ВИДЕО) Интервју со Бочварски: За само пет години изградивме и рехабилитиравме 1.300 км патишта

Објавено 30/12/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Оваа година имаме 25 милијарди денари капитални инвестиции и ова е најголемото ниво капитални инвестиции од независноста на државата наваму. Само за споредба кога во 2014, 2015, 2016 најмногу се зборуваше за некакви големи инвестиции, тие капитални инвестиции биле меѓу 17 и 18 милијарди денари, што значи ние сме го зголемиле нивото на капитални инвестиции за преку 40 проценти“, вели во интервју за Фронтлајн министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Со изградените патишта се смени сликата на целиот источен регион, вели Бочварски.

„Пред само неколку денови беше пуштен во употреба експресниот пат Штип- Кочани, пред тоа беше пуштен во употреба патот Штип-Радовиш. За една година два експресни патишта вредни 110 милиони евра“, потсетува Бочварски.

Како споредба, Бочварски споменува дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа изградени и рехабилитирани 650 км патишта за десет години, додека оваа Влада за пет години рехабилитирала и изградила 1.300 км.

„Превојот Плетвар е во функција, а не беше рехабилитиран дваесет години. Патот кон Прилеп со децении само се зборуваше, денеска се гради со одлична динамика. Тоа е третиот експресен пат што го работиме. Првиот тунел е пробиен и се работи на пробивање на вториот.

Четвртиот експресен пат е оној од Ранковце кон Крива Паланка по нова делница и траса.

Се работи и на магистрални правци како што е делницата од Куманово кон Страцин, заедно со обиколницата кај Куманово, како и делницата од Крива Палнака кон границата со Бугарија.

Завршивме со патниот правец Маврови Анови-Жировница, а работиме на нов патен правец Извор-Гарски мост со што ќе се поврзат Дебар со Кичево.

Она што е исто така важно е што работиме на рехабилитација на патиштата кон граничните премини како на пример Битола -Меџитлија и кон Албанија.

За локалните патишта кои се под ингеренции на Локалната самоуправа имаме издвоено 70 милиони евра. Досега имаме реализирано преку 130 локални патишта во 61 општина.“, истакна Бочварски.

За наредната година министерот Благој Бочварски најавува уште позасилено темпо на градба во должина од 110 км автопати од коридорот 8 и коридорот 10. Во нив спаѓа делницата Прилеп-Битола од коридорот десет и од коридорот осум Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требеништа-Струга-Ќафасан.

„Како партнерски држави заедно со Албанија, Бугарија и Италија успеавме пред Брисел коридорот осум да го доведеме на ниво на главен Паневропски коридор кој досега беше третиран како спореден. Со тоа сега можеме да очекуваме и повеќе средства од ЕУ и за пругата од тој коридор“, вели Бочварски.

Што се однесува до автопатот Кичево -Охрид како дел од истиот коридор, според министерот за транспорт и врски, расчистени се сите постапки што беа произлезени од лошото проектирање а во тие рамки се допроектираа клучките и косините, се реши експропријацијата речиси 95 отсто, направена е пренаменета на земјиштето исто така, градежната оператива е на терен и се заврши асфалтирањето на најдолгиот тунел во државата од два километри.

Извор: frontline.mk

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:благој бочварски
Претходен напис (ИНТЕРВЈУ) Крсте Шајноски: Со задолжителното земјоделско осигурување државата ќе се вклучи и ќе биде сигурен партнер и за двете страни – земјоделците и осигурителните компании
Следен напис Бачовски: Исплатени субвенциите за млеко, за зголемено стадо, за индивидуалните земјоделци и за набавено вештачко ѓубриво !
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?