Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Погледнете како смрдливките го уништуваат доматот и што може да направите за да се спасите од нив
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Погледнете како смрдливките го уништуваат доматот и што може да направите за да се спасите од нив
АгровестиСовети

(ВИДЕО) Погледнете како смрдливките го уништуваат доматот и што може да направите за да се спасите од нив

Објавено 18/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ако и вашиот домат изгледа вака знајте дека тоа го направиле смрдливките. Овие бубачки за градинарите и овоштарите претставуваат вистински ноќен кошмар. Тие се доста жилави и отпорни.

Јајцата ги полагаат на опачината на листот така што се добро скриени. Ние успеавме да ги снимаме и дз ви откриеме како тоа изгледа. Возрасните единки се со зелена боја и доста добро се сокриени. Не се забележуваат лесно, брзо се размножуваат и ја освојуваат градината.

Се смета дека токму на доматот прават најголеми штети иако ги сакаат и другите овошки и зеленчук. Сакаат сочни плодови и се хранат со растителниот сок така што го вшмукуваат. Ја пробиваат кората на плодот и го вшмукуваат сокот. Доматот кога созрева станува сочен и претставува идеална храна за смрдливите бубачки. Плодовите стануваат лепливи со видливи оштетувања од цицањето на сокот. Покрај тоа доматот прима и непријатен мирис што е последица на допирот со течноста која ја лачат бубачките.

Што можете да направите?

Земјоделците кои се занимаваат со еко производство имаат вистински проблем. Засега не постои адекватно средство кое би ги одвратило смрдливките.

Природни непријатели им се бубамарите и пајаците. Бубамарите ги јадат јајцата на смрдливките, а пајаците возрасните единки. Земјоделците што се занимаваат со конвенционално производство употребуваат инсектициди. Малку е незгодно доматот да се прска со инсектицид кога му созреваат плодовите. Притоа треба да се биде внимателен при изборот на препарати. Постојат инсектициди чија каренца е 3 дена. Тоа значи дека три дена после прскање плодовите можат да се берат и користат.

Некои искуства покажуваат дека смрдливките развиваат отпорност дури и на хемикалиите.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:доматСмрдливки
Претходен напис Како петуниите да ви цветаат цело лето и да бидат здрави и негувани
Следен напис (Интервју) Билјана Василевска, овластен проценувач од областа на земјоделството: Новиот систем на осигурување, предвидува процената и исплатата на штетите да ги вршат субјекти кои за тоа се точно определени и стручни во својот дел од работењето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?