Производството на лешници на големи површини секако може да биде многу исплатлива инвестиција. Но што е со малите производители? За предизвиците, проблемите, очекувањата и заработка, зборува младиот земјоделец Петар Чичак од Кач, Р.Србија, кој веќе 6-7 години одгледува лешници на површина од 1,5 хектар.
Видеото што следи во продолжение на овој прилог е извадок од емисијата “Svet poljoprivrede”во продукција на Agromedia.rs и содржи голем број на проверени информации и искуства кои секако ќе бидат од голема помош за сите кои се заинтересирани за подигнување на насад со лешници.