На денешната седница на Општината Чучер Сандево е донесена одлука да се прогласи вонредна состојба во општината поради пожарите кои беснеат на тоа подрачје веќе два дена.
Како што истакна градоначалникот Сашко Комненовиќ ситуацијата се уште е загрижувачка и опасна поради пожарот кој избувна помеѓу селата Блаце и Чучер Сандево, се до село Кучевиште.
“Ситуацијата е сериозна и динамична и бара постојано вклучување на сите расположливи ресурси. Пожарот зафати густа нискостеблеста и мешана шума, на многу непристапен терен, а силниот ветер дополнително го отежна неговото гасење.
Она што ме загрижува и што сакам да го алармирам е тоа дека забележувам спора реакција од надлежните институции во однос на гаснењето на пожарот. Во вакви моменти секоја минута е важна и пресудна”, рече тој.
Целата изјава погледнете ја во продолжение:
