Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Боријан Борозанов: Дваесет и пет проценти од возилата во Европа имаат вградени катализатори произведени во Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Боријан Борозанов: Дваесет и пет проценти од возилата во Европа имаат вградени катализатори произведени во Македонија
Агровести

(ВИДЕО) Боријан Борозанов: Дваесет и пет проценти од возилата во Европа имаат вградени катализатори произведени во Македонија

Објавено 09/01/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ гостин на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески е м-р Боријан Борозанов, директор за европски операции во секторот за чист воздух во „Џонсон Мети“- водечки глобален понудувач на технологии за чист воздух, и генерален директор на „Џонсон Мети“ ДООЕЛ, Скопје. Во разговорот тие се осврнаа на неговата професионалната кариера, како и на развојот на  компанијата „Џонсон Мети“, Скопје.

М-р Боријан Борозанов има повеќе од 20 години професионално искуство во меѓународниот менаџмент и лидерски позиции во Европа, САД и Македонија, со значајно искуство и во автомобилската индустрија. Дипломирал на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а како „Фулбрајт“ стипендист, магистрирал деловна администрација на престижната „Тандербрд“ школа за глобален менаџмент во Феникс, Аризона, САД.

Пред враќањето во Македонија, работел на повеќе одговорни позиции во автомобилската индустрија во Европа, меѓу кои и стратешки планер за производствен отпечаток, како дел од Ротациската лидерска развојна програма на „Делхи“.

Во периодот од 2007 до 2912 година, како раководител на Одделот за услуги на инвеститори во „Инвест Македонија“ (Invest Macedonia), м-р Борозанов придонел за реализација на 12 инвестиции со вкупна вредност од над 100 милиони американски долари, како и за отворање на 2500 нови работни места во синџирот на снабдување во автомобилската индустрија во Северна Македонија.

Во „Џонсон Мети“ доаѓа од компанијата „Аптив Сервисес Македонија“, каде од 2016 година ја извршувал функцијата генерален директор, а бил и дел од тимот што учествувал во  воспоставувањето на новата фабрика на „Делхи Електроникс Систем“ во ТИРЗ Скопје.

Во подкастот, м-р Борозанов зборуваше за „Џонсон Мети“ ДООЕЛ, Скопје-компанија за изработка на катализатори и филтри за автомобили со внатрешно согорување, која е дел од глобалниот систем на „Џонсон Мети“ со седиште во Лондон. Станува збор за компанија со 208-годишна традиција, специјализирана за изработка на катализатори за автомобилската, бродската и хемиската индустрија.

Тој нагласи дека „Џонсон Мети“ ДООЕЛ, Скопје е најголема, најпродуктивна и најефикасна компанија во рамките на целиот глобален систем на „Џонсон Мети“, која има 100% македонски менаџмент и македонски инженери. Иако често се перципира како странска компанија, според Борозанов, таа суштински е македонска  компанија со странски капитал. Во тој контекст истакна: „Околу 25% од возилата што се возат во Европа, имаат вградено катализатори произведени во Македонија, а вкупниот број на произведени катализатори во Македонија од отворањето на фабриката во 2009 година до денес изнесува 190 милиони“. 

Борозанов го потенцираше и пристапот на компанијата кон човечките ресурси, нагласувајќи дека „Џонсон Мети“ вработува млади инженери без претходно работно искуство и ги развива согласно сопствените потреби. Според него, компаниите не треба да очекуваат кадар подготвен исклучиво од државата, туку и самите активно да се вклучат во процесот на креирање и развој на човечкиот потенцијал.

Тој посочи дека иако компанијата остварува обрт од околу две милијарди, фокусот не е ставен само на раст на компанијата, туку пред сè, на профитабилноста и задоволство на клиентите и вработените. „Џонсон Мети“ е отворена за соработка со Владата, особено во областа на образованието и пренесувањето на добрите бизнис практики.

Како членка на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, „Џонсон Мети“ е активно вклучена во иницијативи насочени кон подобрување на извозот, проширување на регионалната соработка и создавање образовен систем усогласен со потребите на бизнисот, како и во промовирањето на политика „нула“ толеранција на корупцијата, креирање мерит систем и јакнење на одговорноста.

Во поткастот, м-р Борозанов откри и дел од своите лични интереси, истакнувајќи ја љубовта кон спортот, кој за него, претставува значаен фактор за јакнење на тимскиот дух и градење стратегија за успех, и во бизнисот и во животот.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:БорозановвозилаЕвропаМакедонија
Претходен напис Раст и на извозот и на увозот во периодот јануари – ноември 2025 година
Следен напис Угостителските услуги во декември лани со исти цени на месечно ниво, на годишно зголемени за 3,5 проценти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?