Во новата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“ гостин е Ангел Анѓушев, машински инженер и оперативен директор на фабриката „Грин машинс“ во „Брако“, првиот производител на електрични возила за чистење улици во светот.
“Бизнис клуб“ е заеднички проект на Стопанската комора на Северна Македонија и Трето Уво.
„Бизнис клуб“, има за цел да афирмира плејада млади македонски бизнисмени кои носат свежина во нашата економија и ќе ги прифатат ризиците со кои ќе се соочува економијата во наредните 15-20 години.
Државата има стручен кадар, политичка волја, бизнисмени, кои можат да ја создадат критичката маса на промени!