Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Бабовски: Нема пазар со здравјето на граѓаните, строги сме во испитувањето и не дозволуваме производи со пестициди да завршат на пазарот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Бабовски: Нема пазар со здравјето на граѓаните, строги сме во испитувањето и не дозволуваме производи со пестициди да завршат на пазарот
Агровести

(ВИДЕО) Бабовски: Нема пазар со здравјето на граѓаните, строги сме во испитувањето и не дозволуваме производи со пестициди да завршат на пазарот

Објавено 07/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На темата дали во Македонија има црн пазар на пестициди, кои се користат во земјоделството, а се забранети за употреба, потоа дали има неконтролирана и прекумерна употреба на земјоделски препарати од страна на македонските земјоделци и како тоа влијае врз јавното здравје на нацијата, во емисија Топ Тема на Телевизија Телма свое видување даде директорот на АХВ, Николче Бабовски.

„Покрај пестициди имаме и случаи со тешки метали, еве пратка на вино кое во цистерни се извезуваше во странска држава и тоа вино при анализата се заклучи дека има количини на тешки метали, во случајот тоа беше олово и тоа беше вратено назад во државата. Виното не е уништено затоа што преку процесот на дестилација добиен е дестилат каде што нивото на оловото е под границите и тука нема никаква опасност“, рече Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Тој додаде дека доколку при првата анализа се утврди присуство на резидуи, право е на економскиот оператор да добие и втора анализа, каде што доколку се добие друг податок што не е идентичен, тогаш се оди на супер анализа и тој податок е релевантен. Одреден пестицид, хербицид или инсектицид имаат одреден период на каренца и додека трае целиот овој процес на трите контроли од истиот примерок, периодот на каренца поминува и тој производ веќе е безбеден за граѓаните.

-Но во градинарскиот производ овој процес кој трае подолго и тоа влијае на квалитетот на производот додека се чекаат резултатите и тоа за економските оператори може да е проблем. Но ние сме многу ригорозни по ова прашање, затоа што јавното здравје, здравјето на граѓаните ни е најважно и со тоа нема пазар – изјави Бабовски.

Генерално во Република Северна Македонија граѓаните јадат безбедна и контролирана храна.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Агенција за храна и ветеринарствобабовскидиректорниколче
Претходен напис Синдикалната минимална кошница за октомври е 46 198 денари
Следен напис (ВИДЕО) Бабовски: Годинава извршивме контрола на 16 000 пратки од увоз, во промет се пушта само безбедна храна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?