Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Ангелеска: Стипендии на средношколците од земјоделско-ветеринарната струка, да ги привлечеме младите со поголема промоција за оваа благородна професија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Ангелеска: Стипендии на средношколците од земјоделско-ветеринарната струка, да ги привлечеме младите со поголема промоција за оваа благородна професија
Агровести

(ВИДЕО) Ангелеска: Стипендии на средношколците од земјоделско-ветеринарната струка, да ги привлечеме младите со поголема промоција за оваа благородна професија

Објавено 10/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Средното училиште СУГС „Браќа Миладиновци“, Скопје, организираше отворен ден на училиштето, во чии рамки беше и свечено отворање кон опкружувањето на училишната мини зоолошка градина – ЗОО Парк системот за аквапоника.

Во ЗОО Паркот се сместени триесетина домашни и светски животни: лами, носести мечиња, пони коњчиња, елени, срни, домашни животни, како и многу птици.  За животните од ЗОО Паркот се грижат учениците кои воедно на овој начин изведуваат практична настава. Неодамна на натпреварот организиран од страна на ФИТР и УНИЦЕФ, во конкуренција од триесетина училишта во државава, ние го освоивме првото место, токму со проектот за отворање на ЗОО Паркот за посетители од Скопје и целата држава. Во нашиот парк креирана е и забавна и едукативна содржина за сите посетители. Ние сме единствено училиште во земјава кое има сопствена зоолошка градина, која сега ќе стане достапна за посетители.

Во услови на глобална пандемија, земјоделското производство само ја зацврсти важноста на обезбедувањето храна. Но, за жал новите генерации не ја препознаваат оваа вредност, па ние секоја година училиштето се соочува со намален број на ученици. Со цел да ги стимулира младите да ја одбираат земјоделската образовна струка, Владата на РСМ од оваа година ќе доделува стипендии на  средношколците од земјоделско-ветеринарната струка.

Исто така, во рамките на повикот за Млади истражувачи 2, училиштето доби финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој за проектот „Аквапоника-клуч за иднината“, при што изградивме систем за аквапоника и отпочнавме со одгледување на риби и растенија во симбиоза.

Настанот кој симболично го закажавме на последниот ден од учебната година, треба да помогне за свртување на вниманието  на младите дека може да се учи и во природа и преку пракса да се стекнуваат знаења со кои имаат загарантирана иднина.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ангелескапромоцијаучилиште
Претходен напис Заев и Рама потпишаа договор за заеднички гранични и царински контроли: На патот кон ЕУ остваруваме европски вредности за граѓаните од двете земји
Следен напис (ВИДЕО) Отвoрен мини ЗОО Парк во средното училиште СУГС „Браќа Миладиновци“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?