Агенцијата за храна и ветеринарство информираше дека во земјава се откриени 6 случаи на заболени свињи со африканска чума и тоа во Дамча, Пијанец, Кочани, Чешиново, Облешево и Мојанце.
Апелираат сите одгледувачи на свињи, официјалните ветеринари на АХВ или најблиските ветеринарни друштва, навреме да го пријават секој сомнителен случај на африканска чума за да се спречи ширењето на болеста.
АХВ сподели едукативен видеоматеријал со цел подигнување на свеста за заштита од африканската свинска чума.