Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Министерот Хоџа веднаш кај лозарите: Знаете дека ќе помогнеме, годинава ќе имаме подобар откуп и цени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Министерот Хоџа веднаш кај лозарите: Знаете дека ќе помогнеме, годинава ќе имаме подобар откуп и цени
АгровестиРастително производство

(ВИДЕО) Министерот Хоџа веднаш кај лозарите: Знаете дека ќе помогнеме, годинава ќе имаме подобар откуп и цени

Објавено 05/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Гарантирам дека ќе се откупи целото произведено грозје, Министерството за земјоделство е секогаш отворено за сите проблеми на лозарите, им рече денеска министерот Арјанит Хоџа, на производители на грозје кои излегоа на протест во Неготино.

-Жал ми е што протестирате бидејќи вратите на Министерството за земјоделство се отворени да дојдете да разговараме. Но, еве сме тука, го имате целото наше внимание. Слободно кажете кои се проблемите. Ние како и секогаш, стоиме на располагање за решавање на сите проблеми на земјоделците, па и на лозарите, рече министерот, одговарајќи им на присутните лозари на нивните прашања.

Тој рече дека дошле да ги слушнат барањата на лозарите кои протестираа.

-Се договоривме протестот да прекине, до среда ќе им се одговори на нивните барања. Им кажав дека поголем дел од поголемите винарски визби одредиле цени за грозје од оваа реколта. Им го кажав ставот на Министерството и на Владата дека остануваат дополнителните два денара за килограм, се работи на тоа, тоа да важи за сите сорти и за висококвалитетни сорти на грозје. Сигурно ќе имаме подобра гроздоберска година од ланската и од претходните, дециден беше Хоџа.

Заедно со министерот, на средбата со лозарите дојдоа и пратениците Даниела Колева и Панчо Минов.

Зошто не е почнат откупот на најзастапената винска сорта ,,вранец” иако грозјето ја има потребната шеќерност и зошто се доцни со објавата на цените за килограм грозје, се интересираа меѓу другото лозарите присутни на протестот. Тие рекоа дека се одлучиле на протест поради ниските откупни цени на грозјето и игнорантскиот однос на винарии кои со овие цени  ги демотивираат  лозарите.

-Ние лозарите бараме само да ни се вреднува вложениот труд и да знаеме предвремено дали да вложуваме во лозарството или да го напуштиме. Ако останат ланските цени се гледа крајот на лозарството во нашиот крај.

Да ги задржиме младите лозари од иселување, порачаа тие од протестот. 

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:министерХоџацени
Претходен напис ВВ „Тиквеш“ ги објави цените: За смедеревка 11, а за вранец 13 денари за килограм
Следен напис Исплатени над 151 милиони денари на сметките на лозарите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?