Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вевчани подготвено за ново карневалско доживување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вевчани подготвено за ново карневалско доживување
Агровести

Вевчани подготвено за ново карневалско доживување

Објавено 12/01/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сè е подготвено за годинешното издание на Вевчанскиот карневал, што утре и в среда ќе се одржува на улиците во Вевчани, потврди за МИА градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски. 

Забавниот дел од манифестацијата почнува вечерва со настапи на Влатко Лозаноски, рап-дуото „Пука козметика“ и „Брас брадрс“. Традиционално, забавата ќе продолжи утревечер со фолк-музика за која годинава се задолжени Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестарот на Златко Миладиновски и оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“, а треба да заврши со настап на Перо Бели и групата „Вип“.

Временските услови, како што рече градоначалникот, не треба да се пречка за оние што сакаат да го посетат Вевчани и да уживаат во карневалската магија.

– Снег има, улиците се чисти и проодни. Тековно ги одржуваме со сол и песок, нема најава за нови врнежи. Добредојдени се сите што сакаат да уживаат во вековната традиција – изјави Кочовски.

Тој вети ново и неповторливо карневалско издание со своите традиционални карактеристики, хумор, забава и дружење. Сместувачките капацитети, иако во мал број, според него, се исполнети до последното место.

Василичарскиот дел почнува утре попладне со дефиле под маски на вевчанските улици. Преку маските вевчанци на сатиричен начин ќе ја прикажат изминатата година. Василичарите велат дека секоја маска е одраз на настаните, појавите и проблемите што ја одбележале изминатата година.

– Маските се централниот елемент на Вевчанскиот карневал и најпрепознатливиот дел од традицијата. Тие не се изработуваат случајно ниту, пак, се користат само за визуелен ефект. Секоја маска носи порака, став или критика кон општеството, политиката или секојдневниот живот. Секогаш се инспирирани од настани и појави што ја одбележале изминатата година, што му дава на карневалот улога на жив хроничар на времето – посочуваат вевчанските василичари. 

Според традицијата, Вевчанскиот карневал, стар речиси 15 века, почнува на 13 јануари напладне со дефиле на маски на двете василичарски друштва „Горна“ и „Долна маала“. Неизоставен дел од традицијата се зетот, невестата, двата ѓавола, Глупавиот Август и други маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања. Секое карневалско издание за вевчанци е доживување. Тие ќе кажат сè, но до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат. Изработката на маските, според нив, е сложен и креативен процес, кој вклучува рачна работа и оригинални идеи, што ја прави секоја маска уникатна.

Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани на 14 јануари. 

МИА

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Таг:Вевчаникарневал
Претходен напис Оној што го чисти пластеникот во зима, ги собира плодовите во пролет
Следен напис УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди и студено
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?