Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вевчани ќе добие помош за поставување фотоволтаична централа на пречистителната станица за отпадни води
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Вевчани ќе добие помош за поставување фотоволтаична централа на пречистителната станица за отпадни води
Рурален Развој

Вевчани ќе добие помош за поставување фотоволтаична централа на пречистителната станица за отпадни води

Објавено 10/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Проектот „Кон енергетски ефикасни општини“ за поставување фотоволтаична централа на објектот на пречистителната станица за отпадни води во Вевчани ќе добие техничка и финансиска поддршка за негова реализација во рамките на програмата „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција“.

Градоначалникот на Вевчани Спасе Кочовско информира дека Општината изработила проект за поставување на фотоволтаична централа со вкупна номинална моќност од 80 kWp на објектот на пречистителната станица за отпадни води во Вевчани, со цел ублажување на ефектите од енергетската гриза.

– Со изработениот проект аплициравме на објавениот конкурс за спроведување на мали пректи од областа на енергетиката, климатската заштита и транспортот за општини и градови, како дел од активностите на проектот „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен балкан и Турција“, заеднички кофинансиран од Европската унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој. Проектот на општина Вевчани „Кон енергетски ефикасни општини“ е избран за победнички и ќе добие техничка и финансиска поддршка за негова реализација, изјави Кочовски.

Тој посочи дека работат на нови проекти за енергетска ефикасност на јавните објекти во општина Вевчани, а во буџетот за идната година ќе предвидат средства за изградба на фотоволтаична централа.

– Континуирано и посветено работиме на подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на трошоци за електрична и топлинска енергија во јавните објекти. Во тек е подготовка на нови проекти за енергетска ефикасност на јавните објекти во општина Вевчани, а во буџетот на 2023 година ќе се планираат средства за отпочнување на постапка за изградба на фотоволтаична централа со номинално моќност до 1МW, рече Кочовски. 

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
ДЗР: ЈП Колекторски систем-Скопје работи повеќе од 35 години, без добиена дозвола за собирање, одведување и пречистување на отпадни води
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:Вевчаниотпадни водицентрала
Претходен напис Цената на пелетите е ограничена на 27.000 денари за тон
Следен напис Денеска нè очекува облачно и ветровито време
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?