Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ветеринарна комора: Во случаи како авијарна инфлуенца, нужно е да се преземат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ветеринарна комора: Во случаи како авијарна инфлуенца, нужно е да се преземат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата
Агровести

Ветеринарна комора: Во случаи како авијарна инфлуенца, нужно е да се преземат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата

Објавено 21/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ветеринарната комора на Република Северна Македонија во целост ги поддржува сите активности и мерки преземени од надлежните органи во врска со последните настани, поврзани со откривањето на авијарна инфлуенца кај птица во Скопската зоолошка градина.

– Во целост разбирајќи ја сензитивноста на поединци и групи во врска со третманот и благосостојбата на животните за кои искрено и принципиелно се залагаме и се дел од нашата професионална етика и пракса, укажуваме до јавноста дека ветеринарно-здравствениот систем има примарна цел да ги заштити здравјето на луѓето, животните и економијата во државата. Следствено, во услови на појава на особено опасни заразни болести со голем потенцијал да го загрозат јавното здравје, како што е во случајот авијарната инфлуенца, нужно е да се преземаат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата, се наведува во соопштението од Ветеринарната комора.

Процедурите и мерките во случаи на појава на заразни болести зооантропонози – болести што од животни преминуваат на луѓе, како што се додава, се утврдени од меѓународни институции и треба доследно да се спроведуваат.

– Во врска со ова, потенцираме дека некои соеви на вирусот на авијарна инфлуенца се нотирани од светската наука, како причинители на заразни болести со најголем потенцијал за нова светска пандемија. Имајќи го предвид сево ова, повикуваме на смиреност и општествена одговорност на сите чинители во општеството, без создавање на клима на недоверба и попречување на активностите на институциите задолжени да го чуваат јавното здравје и здравјето на животните, истакнуваат од Ветеринарната комора.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:активносикомораптичји грип
Претходен напис Исплатени директни плаќања за регистрирани презимени пчелни семејства и за заклани гоеници во кланичен капацитет
Следен напис Намалување на цените на горивата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?