Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ветеринарен факултет: И по 30 години, државното финансирање за образованието на ветеринарите не е соодветно
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ветеринарен факултет: И по 30 години, државното финансирање за образованието на ветеринарите не е соодветно
Агровести

Ветеринарен факултет: И по 30 години, државното финансирање за образованието на ветеринарите не е соодветно

Објавено 14/11/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ветеринарната професија, како клучен сегмент од концептот „Едно здравје“, треба да има силни додипломски студии, а секое натамошно ниво на образование во оваа област, по стекнувањето диплома, мора да биде базирано на квалитет, порачаа учесниците на денешната конференција „Нови модели и пристапи за унапредување на ветеринарната медицина” со која Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје одбележа три децении постоење.

Како што беше истакнато, и по 30 години, државното финансирање за образованието на ветеринарите во земјава не е соодветно.

Според деканот на Факултетот за ветеринарна медицина, проф. д-р Лазо Пендовски, финансирањето на школувањето за ветеринар не смее да се потпира само на непредвидливи приходи од услужна дејност.

Како што потенцира Пендовски, основната цел на Факултетот е да едуцира доктори по ветеринарна медицина кои ќе имаат високо квалитетно образование, но и кои практично ќе можат да ги применат своите стручни знаења и вештини на терен и ќе можат континуирано да го обновуваат своето знаење во текот на целиот работен век, со што трајно ќе се зголеми нивната способност за обезбедување најквалитетни професионални услуги.

-Поаѓајќи од фактот дека ветеринарството е динамична дисциплина во која промените се случуваат многу брзо, неопходно е да се прилагодиме на новите услови, потреби и трендови за да добиеме предности во нашата професија. За да се постигне ова, новите доктори по ветеринарна медицина треба да се прилагодат на заедницата во која живеат и работат, од една страна, а од друга е исполнувањето на стандардите и ЕУ директивите кои се однесуваат на регулираните професии, какви што сме. Тоа значи интеграција и усогласување на наставните програми со стандардите на Европската асоцијација на установи за ветеринарно образование (ЕАЕВЕ), за да можат новите доктори по ветеринарна медицина да бидат конкурентни не само во земјата, туку и на меѓународниот пазар на трудот, а за да бидат конкурентни, ќе треба да поседуваат вештини и знаења со мултидисциплинарен пристап, подвлече деканот.

Тој потсети дека пред 20 години Факултетот се приклучил кон ЕАЕВЕ за да добие студиска програма меѓународно акредитирана од оваа Асоцијација.

-Тоа беше наша стратешка цел. Но, и по пет години од заклучоците за последната посета на експертите на ЕАЕВЕ клучните приоритети за основање на едукацијата за ветеринар се исти. Ќе спомнам само три од нив: државното финансирање за образованието на ветеринарите не е соодветно за да се постигнат целите за образование – ова е многу сериозно и ги забележува промените во последните години, финансирањето на образованието за ветеринар не смее да се потпира само на непредвидливи приходи од услужна дејност – сепак ја имаме истата ситуација, Факултетот мора да има поголема автономија за да го распредели буџетот генериран од неговите активности за целите на образованието – а нашето прашање е сè уште, од каде ако не од Владата, нагласи деканот.

Според него, суштински сегмент во успешното образование е развојот на истражувачката и апликативната дејност.

-Образованието засновано на парадигмата „Учење базирано на докази“ е од суштинско значење и за мојот Факултет, кој преку низа домашни и меѓународни проекти, како и преку воведување меѓународни стандарди за управување со квалитет во лабораториите, постојано овозможува развој на истражувачката и апликативната дејност, рече Пендовски.

На конференцијата излагања имаа и претседателот на Европската асоцијација на установи за ветеринарно образование (ЕАЕВЕ), Стефано Мартинот, како и проректорот за меѓународна соработка од Универзитетот за ветеринарна медицина во Будимпешта, Тибор Барта. Мартинот се осврна на унапредувањето на квалитетот на ветеринарната едукација во Европа, додека Барта зборуваше за усогласеноста на потребите на стопанството и ЕАЕВЕ.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Ветеринарен факултетветеринаритефинансирање
Претходен напис Зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
Следен напис ИНТЕРВЈУ – Љупчо Николовски: Субвенции за вистински земјоделци, исплата навремена, отворен повик за грант од 10 000 евра во текот на цела година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?