Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вертикално одгледување на зеленчук и други растенија чии плодови и цветови можат да се јадат-декоративно и практично
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Вертикално одгледување на зеленчук и други растенија чии плодови и цветови можат да се јадат-декоративно и практично
Растително производство

Вертикално одгледување на зеленчук и други растенија чии плодови и цветови можат да се јадат-декоративно и практично

Објавено 12/03/2020
Сподели
7 мин. за читање
Decorative red beans beans of fire on a white fence. Vertical gardening
Сподели
Ad imageAd image

Во саксии најчесто одгледуваме цвеќиња, но зошто да не се одлучиме да одгледуваме и нешто ново од што ќе имаме повеќе корист-на пример растенија кои иматт плодови и цветови  кои се јадат.

Постојат многу растителни сорти кои можат да се одгледуваат вертикално на пример во саксии или во други садови, а со својот изглед ќе привлекуваат внимание. Бидејќи растат во висина нема да зафаќаат многу простор на терасата или во дворот. Додека цветаат ќе изгледаат атрактивно, но онашто ќе ве воодушеви се нивните плодови. 

Во продолжение прочитајте кој зеленчук и кои растенија можете да ги одгледувате во садови со помош на соодветна потпора за да изгледаат што е можно повеќе декоративно.

Доматите се омилен зеленчук а индискиот спанаќ може да достигне и до 10 метри висина.

Доматите се еден од најомилените зеленчуци. Лесно се одгледува дури и ако имате ограничен простор. Одгледувањето на овој зеленчук во посебни садови не е тешко, но важно е да се одберат вистинските сорти (шери , воловско срце). Потребно му е минимум 6 сати сонце во текот на денот, а исто така е многу важно да му се обезбедат големи садови со длабочина од најмалку 25 сантиметри, а до растението да се закачи дрвен кол за да му се обезбеди соодветна потпора. Редовно наводнувајте ги но немојте да претерувате.

Малбарски или Индиски спанаќ(Basella alba) има стебло кое може да порасне дури и до 10 метри во висина. Неговите листови можат да се јадат сирови како салата  или пак се варат. Богат е со витамини Ц и А и со минерали како што се калциум  и железо. Ова растение е многу продуктивно бидејќи се развива се додека има поволни услови. Семето најпрво треба да се посее во затворена просторорија, а кога ќе помине опасноста од мраз треба да се извади на отворено. Како поминува времето, растението ќе станува се погусто па често ќе морате да го берете и да му обезбедите соодветна потпора.

Тикваица луфа (Luffa cylindrica)  подолго време се користила како природен сунгерѓер одколку како храна. Но како храна може да се користат плодовите на ова растение кое спаѓа во фамилијата на тикви ,а брењето се врши кога плодовите нема да бидат потполно созреани односно некаде два месеци по садењето кога ќе достигнат големина од околу 15 сантиметри. Тие имаат зелена лушпа што треба да се отстрани поради горчината. Во исхраната може да се припреми како било која тиква или пак може да се косуимира свежа како краставица, но се јадат и нејзините жолти цветови.

Ова растение може да се одгледува во садови кои имаат соодветна дренажа ,а тоа лесно се постигнува со ставање на слама или  песок на дното од садот.

Во садови може да се одгледуваат различни сорти на гарв.

Египетски или Индиски грав (Lablab purpureus) е  едногодишно растение кое бргу расте. Има виолетови цветови кои потоа прераснуваат во мешунки и зрна.Треба да се сади покрај огради , мрежи и столбови каде што ќе може да се искачува. Добро поднесува суша, а за време на високите температури престанува да цвета па треба редовно да се залива.

Во садови може да се одгледува и  полноцветен грав (Phaseolus coccineus) кој многу често се користи како декоративно растение поради своите цветови иако дава и мешунки со зрна. Бара многу вода и сонце, а нјдобро опстанува во блага клима без големи жештини или пак екстремни студови. Треба да му се обезбеди доволно висока и цврста потпора.

Мексиканска краставица (Sechium edule)  е растение од фамилијата на тикви кое воглавно успева ако се одгледува во топли и сончеви места каде што може да расте и да дава плодови во текот на целата година. Инаку е повеќегодишно растение, но кај нас поради ладните зими успева само како едногодишно. Поради тоа е добро да се сади во саксии бидејќи така ќе може да се стави внатре кога температурите ќе паднат.Треба редовно да се наводнува но не смее да се претерува. Се засадува во пошироки садови , а може да нарасте и до 2 метри висина.

Освен оваа мексиканска краставица, за вакво вертикално одгледување во саксии одлични се и обичните краставици- корнишони или салатари.

Грашак(Pissum sativum) е едно од најдобрите градинарски растенија за одгледување во саксии. Расте брзо и не бара премногу грижа.За разлика од другите зеленчуци тој добро поднесува и сенка. Важно е редовно да се залева и да му се обезбеди добар супстрат и дренажа. Бидејќи добро го поднесува ладното време може да се сее и порано. На високите сорти треба да им се обезбеди соодветна потпора.

Драгољуб (Tropaeolum majus) е растение кои има рескошни загасито портокалови цветови кои можат да се јадат. Осетливо е на ладно време, сака многу сонце а може да се сее околу овошките или околу други  поголеми растенија.  Особено добро расте покрај доматите. Ова растение е пожелно да го имате во градината бидејќи ги одбива вошките, а не го сакаат и мравитe, полжавите глувците, гасениците…..

Најважно е што неговите листови и цветови можат да се јадат, вкусни се и пикантни. Листовите се подобри кога се млади и претставуваат извор на железо и на витамин Ц.

Може да ви се допадне

Домати полнети со зеленчук и кускус
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Канелони со сирење и спанаќ
Таг:вертикално одгледување на зеленчукгравдоматидрагољубмексикански краставициспанаќтиквица луфа
Претходен напис АХВ: За три години, двојно зголемена довербата на граѓаните
Следен напис Агро-бизнис заедницата ги чувуствува последиците од коронавирусот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?