Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам
Агровести

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам

Последна измена: 06/06/2025 07:31
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.

Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините.

Курбан Бајрам трае три дена, а прославата почнува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, и го обележува денот кога е комплетиран светиот Куран. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаи упати порака по повод утрешниот празник Курбан Бајрам. Фетаи во пораката вели дека Курбан Бајрам е голем и благословен

Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Шаќир Фетаи упати порака по повод празникот Курбан Бајрам. Фетаи во пораката вели дека Курбан Бајрам е голем и благословен празник кој ги содржи божествените настани, кои се извор на инспирација за подигнување на свеста на верникот за љубовта и посветеноста кон Семоќниот Алах.

Поглаварот на ИВЗ во пораката нагласува дека големината на овој празник се состои во фактот дека во овие денови се комплетирало објавувањето на славниот Куран, се извршува аџилакот – петтиот исламски столб, и верниците го исполнуваат својот обврзувачки чин на принесување курбан заради Семоќниот Алах.

-Курбан Бајрам е израз на непоколеблива верба за жртвување на сè, па дури и на најскапоценото заради Алах – за да се покаже во пракса дека љубовта и посветеноста кон Неговата величина се над сè, исто како што постапи Ибрахим а.с., кој беше подготвен да го жртвува својот син Исмаил а.с. Институцијата на курбанот е конкретен израз на разбирање дека нема големи дела без големи напори и жртви, и дека човекот вреди онолку колку што е подготвен да го подели најдрагоценото со другите. Затоа, Курбан Бајрам не е само ден на славење, туку е празник кој го учи верникот да биде дарежлив, да го облагородува духот и срцето, да учествува во големи дела, да биде солидарен, да помага на сиромашните и немоќните, да ги зајакнува духовните и социјалните врски, да го поттикнува единството во добри и тешки моменти, и да го негува мирот, љубовта и заедништвото меѓу луѓето, вели тој во пораката.

Фетаи посочува дека сето ова покажува дека празникот не е само формален чин, туку длабоко духовна атмосфера која го всадува највисокиот степен на побожност во срцето на верникот, што е извор на сето добро во личниот, семејниот и општествениот живот.

-Семоќниот Алах вели во славниот Куран: „До Алах не стигнува ниту нивното месо, ниту нивната крв, туку до Него стигнува вашата побожност”. Во време на големи предизвици, овој празник нè потсетува на неопходноста да се работи на елиминирање на проблемите со кои се соочува човештвото, да се искорени сиромаштијата и да се донесе спокој и благодет во животот. Курбан Бајрам нека биде прилика за враќање кон себеси, за избегнување на злото и за повторно посегнување кон доброто, блискоста, мирот, еднаквоста, праведноста и љубовта кон Семоќниот Алах. На крај, дозволете ми, во име на Исламската Верска Заедница и лично во мое име, да ви упатам искрени честитки по повод празникот Курбан Бајрам. Го молиме Семоќниот Алах да ги прифати вашите обожувања, курбани и добри дела, да ви подари благосостојба во вашите семејства, свест за подобра иднина и поголема близина меѓу вас. Алах да ве благослови! Среќен празник Курбан Бајрам!, посочува во пораката поглаварот на ИВЗ, Фетаи.

МИА

Може да ви се допадне

Трамп воведе царини за ЕУ од 30 проценти
АМСМ: Поради сообраќајна несреќа во целосен прекин сообраќајот Фариш-Велес
Грција испрати два канадери за гаснење на пожарот кај Дојран
Министерот Трипуновски во посета на откупни центри за пченица во Пелагонискиот регион
Стојкоски: Откупувачите и мелничарите да ја почитуваат договорената цена за пченицата, а државата да стимулира со по четири денари
Таг:ВерницитевероисповедисламскаКурбан Бајрам
Претходен напис Сончево и многу топло, попладне дожд и грмежи
Следен напис ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?