Илјадници работоспособни лица примаат социјална помош, додека работни места остануваат празни, вели во интервју за РСЕ Ѓоко Велковски заменик министер за социјална политика, демографија и млади. Тој зборува и доцнењето на социјалните исплати, дефицитот во ПИОМ и мерките за младите.
Г-не Велковски, минатиот месец доцнеше исплатата на додатоците за социјално загрозените граѓани. Дали и следниот месец може да се очекува доцнење?
Да, гледам дека имаше реакции од опозицијата и од дел од пратениците за време на дебатата за Буџетот во Собранието и ние одговоривме неколкупати на оваа тема. Во самиот Закон за социјална заштита и Законот за детска заштита, каде што се утврдени овие права што ги користат граѓаните, е предвидено тие да се исплатуваат во тековниот месец. Никаде не е утврден точен период – дали до први или до 15-ти во месецот.
Правата беа исплатени на 11 декември за тековниот месец. Така што доцнењето, кое и претходно постоело како стандардна процедура – неколку дена од први до петти – е нешто што се обидуваме да го задржиме како пракса. Меѓутоа, со распределбата на буџетот што се случи на 9 декември во Собранието, беа допрецизирани одредени парични средства во рамки на потребите за исплата во социјалната и детската заштита и веќе следниот ден влеговме во процес на исплата.
Значи, тоа доцнење условно е неколку дена и не е прекршено ниту едно законско правило. Станува збор за процедура што постои со години – од први до петти – како процес на исплата на правата во рамките на нашето Министерство.
Значи, дали следниот месец сè ќе се одвива нормално?
Гарантирано е дека во текот на 2026 година, согласно буџетот што беше изгласан во Собранието во делот на социјалната заштита, правата ќе се исплаќаат редовно на сите корисници во текот на целата година.
Интервјуто во целост на следниот линк.
