Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Совет: Правилно ѓубрење на посевите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Совет: Правилно ѓубрење на посевите
Агровести

Совет: Правилно ѓубрење на посевите

Објавено 02/02/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Една од најчестите и најскапи грешки при ѓубрењето е користењето исти количини на различни азотни ѓубрива, без да се земе предвид процентот на азот што го содржат.

Каде најчесто грешат земјоделците:

Многу земјоделци ставаат иста количина Уреа, Тарана  и КАН, мислејќи дека ефектот е ист.

РЕАЛНОСТ:

  • Уреа → 46% азот
  • Тарана → 34% азот
  • КАН → 27% азот
  • Тоа значи дека:
     100 kg Уреа не е исто со100 kg  КАН или Тарана
    Со иста количина Уреа внесувате речиси двојно повеќе азот отколку со КАН!
  • Последици од оваа грешка:
  • Преголемо или недоволно ѓубрење
  • „Горење“ на посевите
  • Прекумерен вегетативен раст и полегање
  • Помал принос и полош квалитет на зрното
  • Непотребно фрлање пари

ЗАПОМНЕТЕ:

Секогаш пресметувајте според чист (активен) азот, а не според килограми ѓубриво.

✔ Уреа = помала количина
✔ Тарана = средна количина
✔ КАН = поголема количина

  • Правилната пресметка значи здрави посеви, поголем принос и помал трошок.
  • Споделете го ова предупредување – може да заштеди многу пари и труд!

ПРЕДЛОГ КАКО ПРАВИЛНО ТРЕБА ДА СЕ ЃУБРАТ ПОСЕВИТЕ

Пролетно ѓубрење на пченица и јачмен со азотни ѓубрива

Пролетното ѓубрење е клучна агротехничка мерка за постигнување висок и стабилен принос кај есенските житни култури како пченица, јачмен и др. Азотот е најважниот елемент за развој на лисната маса, формирање на класот и квалитетот на зрното.

За оптимален раст и развој, потребата од чист (активен) азот изнесува 150 kg N/ha, а ѓубрењето се препорачува да се изврши во два наврати, со цел подобра искористливост и намалување на загубите.

Азотни ѓубрива и нивната содржина

  • КАН – 27% N
  • Тарана – 34% N
  • Уреа – 46% N

Пресметка на потребни количини по хектар

Ѓубриво% АзотВкупна количина (kg/ha)1-во ѓубрење (kg/ha)2-ро ѓубрење (kg/ha)
КАН27%550 kg275 kg275 kg
Тарана34%450 kg225 kg225 kg
Уреа46%300 kg150 kg150 kg

Заклучок

Изборот на ѓубриво зависи од достапноста, цената и агротехничките услови.

  • КАН е побезбеден за рана примена и делува побавно
  • Тараната има побрзо дејство и помала потребна количина
  • Уреата е најконцентрирана, но бара внимателна примена (по можност пред дожд)

Со правилно поделено, пролетно ѓубрење во два наврати се обезбедува рамномерен раст, подобар принос и поквалитетно зрно кај пченицата и јачменот.

 Кога да се ѓубри?

✔ Прво прихранување – рана пролет (фаза на братење) – половина од вкупната количина на избраното ѓубриво.
✔ Второ прихранување – 20 дена после првото ѓубрење,  со втората половина од вкупната количина на избраното ѓубриво.

Совет:

КАН е одличен за рана примена,

Тараната е со прифатлива цена,

Уреата применувајте ја пред дожд,

Поделбата на ѓубрењето во два наврати значи подобар ефект и помали загуби,

Со правилно пролетно ѓубрење – до стабилен принос и поквалитетно зрно!

Предлог табела за водење на евиденција за правилно ѓубрење.

Изработиле членовите на стручниот актив – агрономи од СОЗУ Кузман Шапкарев Битола.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:азоттѓубривапосеви
Претходен напис Јавен повик за пријавување штети од поплавите во Општина Струмица
Следен напис Ова е просечната цена за изнајмување на земјиште во ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?