Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ванчо Ристов, најуспешен лозар за 2021 година: „Добра работа е да има сѐ повеќе мали семејни винарии“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Ванчо Ристов, најуспешен лозар за 2021 година: „Добра работа е да има сѐ повеќе мали семејни винарии“
Магазин

Ванчо Ристов, најуспешен лозар за 2021 година: „Добра работа е да има сѐ повеќе мали семејни винарии“

Објавено 20/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ванчо Ристов од Неготино, кој од Земјоделското здружение „Современо земјоделство“ на манифестацијата „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“ доби признание за најуспешен лозар, повеќе од 40 години се занимава со лозарство. Од половина хектар старо лозје на неговите родители, Ванчо стигнал до денешните 4 хектари лозови насади.

„Имавме половина хектар старо лозје, го ископачивме, јас имав голем мерак да насадам нови насади. Малку по малку, на крајот стигнавме до 4 хектари“, вели Ванчо.

Ванчо на своето лозје ги одгледува сортите шартоне, совињон бланк, околу 6 декари темјаника, потоа пино ноар, мерлот, каберне и вранец. Од режење на лозјето, па сѐ до добивање на финалниот производ, Ванчо, неговата сопруга и нивниот син сѐ работат сами со нивна механизација.

Единствен проблем за Ванчо понекогаш претставува проблемот со водата.

„Треба да се обрне внимание на водата за наводнување, каналите се веќе стари, дотраени, кога има вода, кога нема, проблемот е само тоа, инаку сега засега работите одат добро“, ни рече Ванчо.

Веќе осум години има регистрирано мини винарија и годишно произведува 20.000 шишиња, односно 15.000 литри вино.

„Бидејќи овој наш крај има голем проблем со откупот на грозјето, добра работа е да има сѐ повеќе мали семејни винарии.“

За неполна година регистрирани над 40 семејни винарии

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:ванчо ристов
Претходен напис Водостојот на реките и езерата под просекот за септември
Следен напис Продолжен рокот за програмата за размена на искуства за транзиција од јаглен кон еколошки извори на енергија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?