Утрово најстудено било на Попова Шапка каде измерени се -8 степени.
По Попова Шапка следува и Берово со -6 степени, -5 степени Маврови Анови, -4 во Крива Паланка, Битола, Прилеп, Крушево, -3 во Тетово, -2 во Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Штип, Демир Капија, Виница, Струмица, -1 степен во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, додека пак нешто потопло е во Гевгелија и Дојран каде се измерени 2 степени.
Висината на снежната покривка изнесува 74 см на Попова Шапка, 15 во Маврови Анови, 6 во Крушево, 3 во Ѓуриште.
Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Утрово во западните делови има врнежи од слаб снег.
Денес не очекува променливо облачно со локални слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 1 до 9 степени.
Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.
