Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Утре во Кочани и Берово -ИПАРД инфо ден за мерка 7
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Утре во Кочани и Берово -ИПАРД инфо ден за мерка 7
АгровестиФондови

Утре во Кочани и Берово -ИПАРД инфо ден за мерка 7

Објавено 25/07/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претставници од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и од Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, во наредниот период во поголем број на населени места ќе оддржат ИПАРД инфо денови.

Првите ИПАРД инфо денови посветени на Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ ќе се оддржат во понеделник 26 јули во Кочани и во Берово.

Сите заинтертесирани земјоделци, физички и правни лица, микро и мали претпријатијa, како  и задруги, од Кочани ќе може да дојдат во 11 часот во Мултикултурниот центар во Кочани, за да се информираат околу деталите и можностите што ги нуди оваа мерка. Веќе од 14 часот караванот посветен на публицитет на ИПАРД програмата се сели во Бизнис инкубаторот во Берово каде што заинтересираните страни ќе може да земат учество во работилницата за ИПАРД а претставниците на АФПЗРР и на ТУИ ќе може да им помогнат во добивање на сите одговори околу можноста и начинот да се креираат квалитетни  апликации за добивање на средства од мерката 7„ Диверзификација на фарми и развој на бизниси”

На овој Јавен поик кој е отворен до 22 август 2021 година, може да се поднесуваат Барања за користење на средства за следниве приоритетни сектори:

1.     Алтернативно земјоделско производство

2.     Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции:

·        Алкохолни производи од овошје и пиво;

·        Колачи, тестенини и пекарски производи;

·        Чај и билни екстракти;

·        Зачини и билки;

·        Слатководна риба, ракови и мекотели и

·        Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ.

3.     Производство на не-прехранбени производи

4.     Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите

5.     Обезбедување на услуги во земјоделството

6.     Развој на услуги за руралното население

7.     Промоција на руралниот туризам

Како корисници на мерка 7 се прифатливи и физичките и правните лица кои спаѓаат во рангот на микро и мали претпријатија. Висината на финансиската поддршка се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредноста, а повратот на инвестициите е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци. Проектираниот буџет за оваа мерка е 9.6 милиони евра, со можност за негова екстензија.  Ова се сериозни средства кои ќе имаат директен импакт врз развојот на постојните, како и отварањето на нови мали и микро претпријатија кои се мотори на домашната економија

Главната цел на оваа мерка е поттикнување на вработувањата и зголемување на економската активност во руралните средини, преку развој и промоција на руралниот туризам, зачувување и развивање на занаетчиските активности и мотивирање на руралното претприемништво.

Сите информации и потребната документација за овој повик може да се најдат на веб страната на АФПЗРР, www.ipardpa.gov.mk .

Со помош на средствата од ИПАРД 2 програмата, се развиваат,, модернизираат домашните компании и земјоделските стопанства а производите добиваат поголема додадена вредност.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:инфо денсесија
Претходен напис Земјоделци ја блокираа изградбата на експресниот пат Штип-Кочани
Следен напис Времето денеска сончево и топло со температура до 38 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?